СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - КРСТАРЕЊА 2024 - Атина / Миконос / Кушадаси / Патмос / Крит (Хераклион) / Санторини 03.05-06.05.2024

Атина / Миконос / Кушадаси / Патмос / Крит (Хераклион) / Санторини 03.05-06.05.2024

Атина / Миконос / Кушадаси / Патмос / Крит (Хераклион) / Санторини 03.05-06.05.2024


АТИНА / МИКОНОС / КУШАДАСИ / ПАТМОС / КРИТ (ХЕРАКЛИОН) / САНТОРИНИ
ТЕРМИН: 03.Мај 2024

1.ДЕН  СКОПЈЕ – АТИНА 02.05.2024     
Состанок на паркингот кај Дрводекор во 20:00 часот. Поаѓање кон Грција во 20:30 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Меџитлија. Ноќно возење со попатни одмори.

 

2.ДЕН  АТИНА – МИКОНОС 03.05.2024

Пристигнување во Атина во утринските часови. Трансфер до пристаништето Лаврион, влез на бродот Celestyal Olympia каде што започнува вашата авантура со крстарење по грчкиот архипелаг. Во 13 часот поаѓање за Миконос. Опуштете се на бродот со ручек, лежалки покрај базенот и подгответе се за лудата забава што ве очекува во Миконос. Миконос е модерно летувалиште и еден од најпопуларните грчки острови. Декориран е со традиционални грчки бели фасади, многу ветерници кои се во контраст со морското синило. Овде ќе најдете многубројни барови, ресторани, традиционални грчки таверниелегантни бутици и луксузни хотели скриени во кривулестите улици. Станува збор за остров кој стана омилена дестинација на џет сетот. Најпрепознатливиот дел на Миконос се вика Мала Венеција, со куќи со живописни фасади и шарени балкони. Слободно време. Поаѓање на бродот во 23:00 часот. Ноќевање на брод со пловење кон Турција.

 

3.ДЕН КУШАДАСИ – ПАТМОС  04.05.2024

Наутро се будите во Кушадаси, најпопуларното летувалиште на турскиот брег на Егејското Море. Главен украс на овој прекрасен и чист град се прекрасните песочни плажи кои привлекуваат туристи од целиот свет. Во архитектурата на местото доминираат европскиот и медитеранскиот стил, па само егзотичните мириси на одличните локални кулинарски специјалитети ве потсетуваат на класичниот Ориент. Тргнување на бродот во 13:00 часот. Ручек на бродот и слободно време за одмор  до пловењето до Патмос - еден од најмалите грчки острови во Егејското Море, кој е украсен со прекрасни плажи, луксузни вили  и манастирот Св.Јован Благослов, кој порано бил моќна тврдина против пиратите, а денес е познат како религиозен храм со една од највредните манастирски библиотеки во светот. Слободно време. Поаѓање на бродот во 21:30 часот. Ноќевање на бродот. 

 

4.ДЕН  КРИТ (ХЕРАКЛИОН) – САНТОРИНИ 05.05.2024

Наутро пристигнуваме во Крит островот познат уште од античко време како вистински бисер на Медитеранот. Прекрасни плажи, кристално чисто море, маслинови градини, планини, клисури, пештери и висорамнини нудат за секого по нешто, од активни одмори до екскурзии, разгледување знаменитости и спортски активности. Крит е остров на контрасти, каде модерните туристички понуди постојано се испреплетуваат со бесмртна традиција и историја. Хераклион е главен град на Крит и четврти по големина град во Грција. Овде ќе го најдете Археолошкиот музеј со репрезентативни примери на минојската култура и прекрасната катедрала Агиос Минас, која може да прими до 8.000 луѓе и има одлична акустика. Слободно време до поаѓање на бродот во 12:00 часот. Ручек и одмор на бродот. Во 16:30 часот, пловење кон Санторини - еден од најубавите бисери меѓу грчките острови, кој настанал како резултат на вулканска ерупција и го создал митот за изгубениот град Атлантида, кој можеби се наоѓа токму овде. Впечатокот што го остава прекрасниот вулкански регион го надополнуваат љубезноста на домаќините, бројните плажи со црн вулкански песок покрај чистото Егејско Море и селата изградени на стрмни клисури со бело-сини куќи карактеристични за кикладската архитектура.. Слободно време. Поаѓање на бродот во 21:30 часот. Ноќевање.

 

5.ДЕН АТИНА – СКОПЈЕ  06.05.2024

По неколку прекрасни денови пловење се враќаме во Атина. Напуштање на бродот во утринските часови. Пред заминување за Македонија, панорамско разгледување на Атина. Патувањето продолжува кон Македонија, со попатни застанувања за одмор. Пристигнување во Скопје во ноќните часови.

 

Опис на регион

Цена на пакет аранжман ПАКЕТ INCLUSIVE

Внатрешна кабина (тип IA)

→Цена во претпродажба 469 €

Надворешна кабина (тип XA)
→Цена во претпродажба  519 €


* Цените се дадени по лице за сместување на минимум 2 лица во кабина
Попусти за деца и возрасни, во придружба на 2 возрасни лица:
-при сместување во тип на внатрешна кабина IA:
•3 и 4 возрасен -80 € (попуст)
•2-11 години - 160€ (попуст)
•3 месеци до 1,99 години -260 € (попуст)


-при сместување во тип на кабина XA:
•3 и 4 возрасен -130 € (попуст)
•2-11,99 години -190 € (попуст)
•3 месеци до 1,99 години -270€ (попуст)

ДОПЛАТА ЗА ПАКЕТ ENHANCE 150 €
Вклучува:
Премиум пакет на пијалоци (возрасни и деца)
Дополнителни 75€ попуст на екскурзии
Интернет Wi
-Fi  (1 час на ден)
Попуст до 25% на 
специјалното мени за јадења

 

Опис на сместување

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • •превоз со туристички автобус Скопје-Атина-Скопје попатно, Велес, Дреново, Прилеп, Битола
  • •сместување во кабини од понудениот избор на бродот Celestyal Olympia
  • •пристанишни и други такси
  • •бакшиш
  • •полн пансион (појадок, ручек и вечера)
  • •селектирани пијалоци вклучени во оброците во главниот ресторан (не важи во специјални ресторани)
  • •дневни и ноќни активности, забавна програма, анимација
  • попуст на екскурзии од 75 € по лице (со резервација пред поаѓање)
    •забава и дневни активности на бро
    д


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • -останати екскурзии
  • -услуги во салон за убавина и СПА центар
  • -интернет
  • -медицински услуги
  • -патничко осигурување
  • -доплата за пакет ENHANCE (150 €)
  • -Трансфер од Струга и Охрид, Ресен- 10 еур по лице, Штип 15еур

ПАКЕТИ НА ЕКСКУРЗИИ

Пакет екскурзии со попуст од 15% (вклучува):
 Античкиот Ефес низ вековите (KUS-02)
 Религиозна посета на манастирот Свети Јован – Пештерата на Апокалипсата (PAT-01)
 Минојската палата на Кносос – 1-ва европска цивилизација (HER-02)
 Спектакуларното село Иа сместено на работ на Калдерата на Санторини (САН-01)


Цена на пакетот ВОЗРАСНИ 272 €, ДЕТЕ 208 € (вклучува 15% попуст)
Со цена INCLUSIVE : ВОЗРАСНИ 197 €, ДЕТЕ 133 €
Со цена ENHANCE : ВОЗРАСНИ 122 €, ДЕТЕ 58 €


Цените се по лице со применет попуст

Пакет екскурзии со попуст од 10% (вклучува):
 Античкиот Ефес и терасестите куќи (KUS-07)
 Минојската палата на Кносос – 1-ва европска цивилизација (HER-02)
Спектакуларното село Иа сместено на работ на Калдерата на Санторини (САН-01)
Цена на пакетот ВОЗРАСЕН 229 €, ДЕТЕ 169 € (вклучува 10% попуст)
Со цена INCLUSIVE: ВОЗРАСНИ 154 €, ДЕТЕ 94 €
Со цена ENHANCE: ВОЗРАСНИ 79 €, ДЕТЕ 19 €
Цените се по лице со применет попуст


АНТИЧКИОТ ЕФЕС НИЗ ВЕКОВИТЕ
Цена: 81 € Возрасен / 61 € Дете
Времетраење: Половина ден
Тур код: KUS – 02


АНТИЧКИОТ ЕФЕС И ТЕРАСЕСТИТЕ КУЌИ
Цена: 92 € Возрасен / 66 € Дете
Времетраење: Половина ден
Тур код: KUS – 0
7

РЕЛИГИОЗНА ПОСЕТА НА МАНАСТИРОТ СВ. ЈОВАН - ПЕШТЕРАТА НА АПОКАЛИПСАТА
Цена: 77 € Возрасен / 61 € Дете
Времетраење: Половина ден
Тур код: PAT
 – 01

МИНОЈСКАТА ПАЛАТА ВО КНОСОС - ПРВА ЕВРОПСКА ЦИВИЛИЗАЦИЈА
Цена: 81 € Возрасен / 61 € Дете
Времетраење: Половина ден
Тур код: HER
 – 02

СПЕКТАКУЛАРНОТО СЕЛО ИА НА РАБОТ НА КАЛДЕРАТА НА САНТОРИНИ
Цена: 81 € Возрасен / 61 € Дете
Времетраење: Половина ден
Тур код: SAN
 – 01

Попустот за екскурзии важи само:

• За претходна резервација на екскурзии на брегот, Не може да се користи за други услуги

• Да се користи најдоцна неколку дена пред поаѓање. Потоа, попустот повеќе не важи и не може да се користи на бродот

• Попустот нема парична вредност, не се враќа и не се пренесува.

Напомени:
– Промени во рутата на патување се можни во случај на неповолни временски услови
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 
30 патници.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на
 СКТМ

Опис на програма

Легенда:
IA – внатрешна кабина на палубата  A ; 
XA – прозорска кабина на  A палуба;

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија