Вила МИХАИЛ 2024

Во срцето на Касандра, на околу 4 часа возење од Скопје, во заливот Торонеос, се наоѓа едно од најживописните летувалишта на Халкидики – Полихроно.
Познато е по кристалното, тиркизно море, плитко, создадено за детски водени лудувања, како и по бујната медитеранска вегетација. Тука ќе најдете некои од најубавите плажи на првиот крак на Халкидики, место совршено за семеен одмор. Во можност сте да уживате во големиот број крајбрежни таверни и барови, но и да се прошетате низ околните места и плажи, бидејќи локацијата е навистина идеална. Многубројни супермаркети и пекари ви се на дофат, така што нема да ви недостига ништо. Во Полихроно има аптека и амбуланта, па сигурни сте во секој поглед. Во продолжение ви ја претставуваме вилата „Михаил“.

Вила Михаил

Вила Михаил се наоѓа во мирниот дел на Полихроно, на 200м од плажа. Располага со 9 апартмани, 3 на приземје, 3 на прв кат и 3 на втор кат.
Секој апартман е опремен со мини кујна, бања, балкон и ТВ. Во спалната има два одвоени кревети и во кујната има кревет на спуштање.. Користењето на климата е вклучено во цената.


Што е вклучено во цената

-7 ноќевања во вила Михаил
-Користење на клима

Што не е вклучено во цената

-Доплата за туристичка такса 0.5 центи од ноќ од апартман (Се плаќа во вилата)
-Превоз за возрасен повратен билет 40 еур / 30 еур во еден правец
-Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 30Еур / 20 еур во еден правец
-Дете до 2 год. (без седиште)-бесплатно
-Патничко осигурување

Важно

-Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
-Доплата за туристичка такса 0.5 еур по апартман на ден и се плаќа во вилата.
-Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд).
-Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети.
-Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести максимум едно дете до 5.99год.
-Кога се цените ПРОМО за уплата на два последователни термини, се рачунат две промо цени.
-За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст
-Попустите Не се комбинираат.
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот.
-Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цена.
-Сместување во собите е по 14.00час.-локално време, а напуштање на истите е во 09.00час.
-По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
-Доколку е за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата.
-Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
-Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради кое не може да се направи промена на термин.
-За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.
-За ова патување важат општите услови на  Супер Травел 

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија