Вила Миа 2024

Во срцето на Касандра, на околу 4 часа возење од Скопје, во заливот Торонеос, се наоѓа едно од најживописните летувалишта на Халкидики – Полихроно.
Познато е по кристалното, тиркизно море, плитко, создадено за детски водени лудувања, како и по бујната медитеранска вегетација. Тука ќе најдете некои од најубавите плажи на првиот крак на Халкидики, место совршено за семеен одмор. Во можност сте да уживате во големиот број крајбрежни таверни и барови, но и да се прошетате низ околните места и плажи, бидејќи локацијата е навистина идеална. Многубројни супермаркети и пекари ви се на дофат, така што нема да ви недостига ништо. Во Полихроно има аптека и амбуланта, па сигурни сте во секој поглед. Во продолжение ви ја претставуваме вилата „            “. Вилата е реновирана во 2021 година, и располага со 4 апартмани на прв спрат. Апартманите се за 4 лица ( 2 возрасни и 2 деца до 12 години.) Се наоѓа на 120м од плажа. Секој апартман има балкон, опремена кујна, тоалет, клима и Wi-Fi.

Што е вклучено во цената

-7 ноќевања во вила
-Користење на клима

Што не е вклучено во цената

-Доплата за туристичка такса 0.5 центи од ноќ од апартман (Се плаќа во вилата)
-Превоз за возрасен повратен билет 40 еур / 30 еур во еден правец
-Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 30Еур / 20 еур во еден правец
-Дете до 2 год. (без седиште)-бесплатно
-Патничко осигурување

Важно

*Чекирањето е после 14:00 часот, напуштање на апартманите е во 09:00 часот.

*Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 90% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.

*Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.

*Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
*Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.

*Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
*Доплата за туристичка такса 0.5 еур по апартман на ден и се плаќа во вилата.
*Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети.
*Кога се цените ПРОМО за уплата на два последователни термини, се рачунат две промо цени.
*За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст
*Попустите Не се комбинираат.
*Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цена.
*По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
*За ова патување важат општите услови на  Супер Травел 

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија