10% попуст за резервации до 31.03.2024
Период на престој: 25.05-15.06 и 14.09-28.09.2024
ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- Употребата на клима уред (ac+) се доплатува 7€ на ден во објектот (каде што е достапен),
- Доплата за туристичка такса (се плаќа во објектот)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
- Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице).
Туристичка такса во Грција за 2024
*Цената е изразена од соба по ноќевање
Ноември-Фебруари Март-Октомври
Хотел 1/2*: 0,5 € 1,5 €
Хотел 3*: 1,5 € 3,0 €
Хотел 4*: 3,0 € 7,0 €
Хотел 5*: 4,0 € 10,0 €
Апартмани/Студија: 0,5 € 1,5 €
Вили: 4,0 € 10,0 €
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз: 70 EUR (50 EUR за дете 2 до 12 год.)
Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
- Скопје, во 00:30 ч. (паркинг на спортскиот центар "Борис Трајковски")
- Велес, во 01:00 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)
- Градско, во 01:10 ч. (патарина Градско)
- Росоман, во 01:20 ч. (БП Црна Река петрол 1)
- Прилеп, во 02:15 ч. (БП Лукоил)
- Битола, во 03:15 ч. (паркинг кај спортска сала)
Поаѓање од Грција:
- Истиот ден попладне.
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ*
Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и
одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од
вашиот оператор
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети. Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите
Секоја промена на резервација се наплатува 10 € .
ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата. Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени
во резервациите и во договорот за услуги.