Полихроно е лоциран на првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун, сместена во кристално чистиот залив Торонеос. Опкружен со медитеранска вегетација и долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца. Денес во Полихроно живеат повеќе од 1000 жители, а најразвиена гранка е туризмот. Местото е сликовито, со поплочени улици, палми, лимонови и маслинови дрва, убави дворови и осветлено шеталиште покрај плажа. Има супермаркети, продавници со сувенири, ресторани, кафулиња, амбуланта, аптека. Има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, како пици и друга брза храна.