СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ВЕЛИГДЕН - 2024 - АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ - Тоскана и Чинкве Тере

Тоскана и Чинкве Тере

Програма на патување: 

1.ден 02.05.2024  (четврток) СКОПЈЕ - МОНТЕКАТИНИ 
Состанок на групата во 09.30 часот на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање кон Италија во 10.00 часот. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински и гранични формалности.

2.ден 03.05.2024 (петок) МОНТЕКАТИНИ – ПИЗА - МОНТЕКАТИНИ
Пристигнување во Монтекатини Терме во претпладневните часови. Оставање на багажот на рецепција во хотелот и заминување на прошетка и разглед на Монтекатини Терме. Прошетка низ центарот Пјаца дел Пополо, Терме дел Тетучо, Монтекатини Алто – Горното Монтекатини односно Стариот Град, можност за возење со туристичко вовче до Монтекатини Алто со доплата од цирка 6€ на лице место. Враќање во хотел и сместување во соби. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Во вечерните часови во договорено време заминување на организирана посета  на Пиза. Прошетка и разглед на еден од највеличенствените плоштади во Италија – Piazza dei Miracoli или Плоштадот на Чудата, заедно со Катедралата - Il Duomo, Крстилиницата Свети Јован - San Giovanni и познатиот симбол на Пиза, Кривата кула. Слободно време за индивидуални активности, прошетки и фотографирање. Враќање во хотел. Ноќевање.

Видео презентација - Монтекатини

3.ден 04.05.2024  (сабота) МОНТЕКАТИНИ – ЧИНКВЕ ТЕРЕ - МОНТЕКАТИНИ
Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на италијанската ривиера, посета на националниот парк Чинкве Тере. Пристигнување во градот Ла Специја од каде со во воз на Трен Италија ќе се движеме цел ден долж лигурската обала низ петте селца. Чинкве Тере e низа од пет стари рибарски села, сместени високо на италијанската ривиера во регионот Лигурија, кои до неодамна беа поврзани само со мазги и достапни само со железница или по воден пат. Пешачење по ова живописно крајбрежје е најдобриот начин да се истражат петте села: Riomaggiore, Manarola, Corniglia, Vernazza и Monterosso. Националниот парк Чинве Тере е познат по својата убавина. Со векови, луѓето тука граделе тераси за одгледување винови лози и маслинки на грубиот, стрмен терен, долж карпите од каде се издигаат заносни панорами кон Средоземното Море. Воодушевувачките погледи на пристаништата далеку под дивото, но гостопримливо крајбрежје, заедно со средновековните тврдини и изобилството на винова лоза и живописни бои го прават овој регион незаборавен. По разгледот враќање во Ла Специја од каде се упатуваме кон Монтекатини. Ноќевање.


Видео презентација - Чинкве Тере 

4.ден 05.05.2024  (недела) МОНТЕКАТИНИНИ – СИЕНА – САН ЏИМИЊАНО - МОНТЕКАТИНИ 
Појадок. Ден предвиден за факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, веројатно најубавиот средновековен град во Италија, вечниот ривал на Фиренца. Срцето на Сиена е нејзиниот централен плоштад Il Campo, познат по трките со коњи Palio кои тука се одржуваат два пати годишно. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena – Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и Piazza Salimbeni  и плоштадот..  Слободно време за индивидуални прошетки и активности. Во договорено време патувањето го продолжуваме кон Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignano типично тосканско ридско градче, лоцирано југозападно од Фиренца. Опкружен со ѕидови од 13от век, неговиот стар град е лоциран на Piazza della Cisterna, триаголен плоштад обиколен со средновековни куќи. Градот на Убавите кули од 1990год. заради своето богато историско и културно значење е под заштита на УНЕСКО. Сан Џимињано им нуди на посетителите можност да се вратат назад во времето додека уживаат во неговите локални производи, вклучувајќи шафран, одлично црвено и бело тосанско вино и оригинални тоскански десерти. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време со водичот враќање во Монтекатини. Слободна  вечер за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.


Видео презентација - Сиена и Сан Џимињано 

5.ден 06.05.2024 (понеделник) МОНТЕКАТИНИ – ФИРЕНЦА - СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот заминување за посета на Фиренца, срцето на Италија и бисерот на ренесансата. Пристигнуваме во Фиренца каде се сретнуваме со нашиот локален водич и го започнуваме пешачкиот разглед на Фиренца: реката Арно, Стариот Мост – Понте Векио, Плоштадот Сињори, Старата Палата – Палацо Векио, Дуомото - Санта Марија дел Фјоре, Крстилницата Сан Џовани… По разгледот оставаме доволно слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, можност за посета во некои од музеите, дегустација на локални производи во еден од најубавите ренесансни градови на Италија. Во договорено време поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи за одмор и обавување на царински и гранични формалности.  

6.ден 07.05.2024  (вторник)                                    СКОПЈЕ
Планирано пристигнување во Скопје во попладневните часови.

ПРОМО цена за резервација до 31.03.2024 - 199€/12.338ден
Цена на аранжманот 229€/14.198ден
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд. 
Цена по лице за најмалку 2 лица во соба.


Во цената на аранжманот е вклучено:
- Автобуски превоз со високотуристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел со 3* во Монтекатини Терме на база 3 ноќевања со појадок 
- Организирана посета на Пиза
- Организирани посети според програмата 
- Организација и реализација на аранжманот со лиценциран туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено: 
- Целодневен излет на Чинкве Тере 50€ (трансфер со воз, Cinque Terre card до 5-те села и трансфер од железничка до La Spezia, доплата на лице место)  
- Посета на Сиена и Сан Џимињано 50€ (трансфер, локален водич, доплата на лице место) 
- Задолжителна посета на Фиренца 30€ (трансфер, локален водич, доплата на лице место) 
- Туристичка такса во хотел во Монтекатини (3€ по лице од ноќ, доплата на лице место)
- Задолжително патничко осигурување

Напомени: 
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници, агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот до 7 дена пред поаѓање во случај на недоволен број на пријавени. 
- За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек од датумот на враќање. 
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање. 
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд. 
- Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата или промена на цената. 
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. 
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програми Ваикики Травел.       
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија