Вила Асториа

ЗАКИНТОС 

ЛЕТО ЗА МЛАДИ 2024

 

Забавата започнува оној момент кога ќе пристигнеш на островот, а завршува кога ќе си заминеш од него.

Закинтос или Занте, како што се уште го викаат мештаните, е трет по големина од Јонските острови. Овој остров го карактеризираат прекрасните плажи со златни песоци и посебните видови на желки – „Карета“ кои на овој остров ги несат јајцата и се една од причините што овој остров е прогласен за национален крајбрежен парк. Од друга страна, архитектурата на самиот Закинтос е доста уникатна и на секој чекор се чувствува влијание на многубројните освојувачи кои владееле со овој простор. Место кое и оваа година ќе биде наша централна дестинација е Лаганас, град сместен на 9 км долгата плажа, во најтоплиот залив во цела Грција. Голем број врвни дискотеки и клубови, одлични ресторани со специјалитети од сите делови на светот, но и незаборавните излети со гарантирано незаборавни доживувања. Вистински избор за младите и оние кои така се чувствуваат. Забавата може да започне!!!

Опис

Вила Асториа

 


Термин
УслугаVila Astoria
Соба1/21/31/4
08.07 – 16.07Ноќевање + превоз175€155€145€
15.07 – 23.07Ноќевање + превоз255€235€225
22.07 – 30.07Ноќевање + превоз295€265€255€
29.07 – 06.08Ноќевање + превоз255€235€225€
05.08 – 13.08Ноќевање + превоз225€205€195€
12.08 – 20.08Ноќевање + превоз175€155€145€
19.08 – 27.08Ноќевање + превоз155€135€125€

 

ЗАКИНТОС 

1 ДЕН – СКОПЈЕ - ЗАКИНТОС

Поаѓање од Скопје во вечерните часови. Возење со попатни паузи и одмори. По ноќното возење, следува пристигнување во градот Килини и премин со фериброд до главниот град Закинтос, од каде што следува кратко возење до нашата крајна дестинација, до фасцинантниот – Лаганас! Сместување на групата и запознавање со местото...


2 – 9. ДЕН – ЛАГАНАС

Закинтос, преубав остров на Јонското Море, веќе години наназад го спојува неспојливото – пријатен одмор од една страна, но и прекрасни доживувања и незаборавни забави од друга страна. Исклучително пријатната клима, плажите од соништата, кристалното чисто море, националната грчка кујна... го ветуваат летувањето за сите времиња!!! Секако големиот број на клубови со млади луѓе од целиот свет, луцидни ДЈ – и, тематските забави во наша организација, гарантираат забава до раните утрински часови. За овие десет дена на островот доживејте несекојдневни забави и создадете си незаборавни спомени за цел живот!


10 ДЕН – ЛАГАНАС - СКОПЈЕ

По напуштањето на собите и слободното време за шопинг, тргнуваме назад кон Скопје. Преминуваме со фериброд до пристаништето Килини, а потоа следува ноќно возење







Вклучува 

  • Комплетна организација со водич на патувањето
  • 7 ноќевања во избраната вила во Лаганас
  • Превоз со модерни туристички автобуси (клима, wc, tv, видео)


Не вклучува

  • Доплата за траект - 30€ (повратен билет)
  • Факултативни излети
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Туристичка такса – 0,5€ по ноќ
  • Доплата за клима - 7€ на ден



Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија