Апартмани GOGOV – КАЛИТЕА, ГРЦИЈА
GPS координати: 40.07595709853974, 23.44655515356802
Калитеа е една од најпопуларните дестинации на Халкидики се наоѓа на 70 км. југоисточно од Солун, позната по песочната плажа, кристално чистото море и одличната атмосфера. Ова место е познато и по големиот број на ноќни клубови кои се најпривлечни за младата популација. Калитеа е преполна со мали продавнички во кои може да најдете се и сешто, кафетерии, слаткарници, таверни.
Популарни плажи и beach bars: Kalithea Beach – песок и тиркизно море, Papua Beach Bar – кафе, коктели и летна атмосфера, Lotos Beach Bar – релаксација покрај море, Briki Kitchen Bar – кафе, бранч и коктели со поглед.
Gogov Apartments се наоѓа во централниот дел на Калитеа, објектот располага со модерно и удобно опремени студија и апартмани, наменети за парови, семејства и друштво. Gogov Apatments се наоѓа во самиот центар на Калитеа, на приближно 5 минути пешачење од плажата.
ЦЕНИ СО BLACK FRIDAY ПОПУСТДО 30.11.2026

Што е вклучено во цената
- 7 ноќевања
- WI-FI
- Клима уред
Што не е вклучено во цената
- Превоз Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија за возрасен повратен билет 55 евра / 50 евра во еден правец
- Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 45 евра / 40 евра во еден правец
- Туристичка такса 14 евра за цел престој, се плаќа при сместување
Сместување
Студија 1/2
- Двокреветните студија – се опремени со кујна со фрижидер, тоалет, фен за коса, клима уред, ТВ, тераса. Постелнината и пешкирите се обезбедени.
Студија 1/4
- Четирикреветно студио – студиото располага со една просторија со брачен кревет и софа на расклопување, опремена кујна, сопствено купатило, клима-уред, телевизор и балкон. Постелнината и пешкирите се обезбедени.