Прескокни до содржината

АТИНА (Сунион-Пиреа-Микена-Пелопонез)

Фотографии

АТИНА (Сунион-Пиреа-Микена-Пелопонез) АТИНА (Сунион-Пиреа-Микена-Пелопонез) АТИНА (Сунион-Пиреа-Микена-Пелопонез) АТИНА (Сунион-Пиреа-Микена-Пелопонез) АТИНА (Сунион-Пиреа-Микена-Пелопонез)

АТИНА НОВА ГОДИНА 2027

Атина – градот каде што историјата и модерниот живот дишат заедно. Под блескавото сонце на Медитеранот, Атина ги пречекува своите гости со величествена комбинација на древно и современо. Градот на боговите и митологијата, каде секој камен раскажува приказна стара илјадници години од импресивниот Акропол и храмот на Атина Богорадна, до шарените улици на Плака исполнети со ароми на сувлаки и звуци од бузуки. Во Атина времето застанува само за да уживаш во залезот на сонцето над Партенон, со кафе на тераса со поглед кон Акропол или во вечерната магија на Монастираки и Плака. Градот е жива уметничка сцена, со енергија што се чувствува на секој чекор. Атина не е само дестинација – тоа е доживување кое останува засекогаш во срцето.


Програма

  1. Ден 1 30.12.2026

    30.12.2026

    Поаѓање во 21.30 часот преку Гевгелија, ноќно возење со паузи.

  2. Ден 2 31.12.2026

    31.12.2026

    Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со водич: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол… Сместување во хотел во центарот на Атина. Слободно попладне во центарот на Атина. Вечерта факултативно Дочек на новата 2027 на плоштад каде секоја година има богата музичка програма, или во Таверна на Плака со богато мени и програма со грчки песни и игри.Ноќевање.

  3. Ден 3 01.01.2027

    01.01.2027

    Појадок.Факултативен излет до: Пиреја-најголемото пристаниште на Балканот-со нејзините Марини, каде се стационирани најмодерни јахти од целиот свет. Потоа се оди до Глифада-најпознато излетничко место на Атињани, со убави плажи и вили. Продолжување до најјужниот Рт на Балканот Сунион – каде се најдува храмот на богот Посејдон. Факултативна вечера во Национален ресторан-Таверна на Плака со богато мени и програма со грчки песни, игри и ора и со народни носии од цела Грција. Ноќевање.

  4. Ден 4 02.01.2027

    02.01.2027

    Појадок. Факултативен излет до Пелопонез со локален водич. Посета на Коринтскиот канал-атракција која го одзема здивот, Микена-Античкиот град на Агамемнон и гробницата на Агамемнон. Попладнето враќање во Атина, па се продолжува за Македонија, ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во Македонија во ноќните или раните утрински часови на 03.01.2026

Цени

ПРОМО ЦЕНА до 10.11.2026 = 9.400 ден.

Редовна цена 10.400 ден.

Услови

 Во цената е вклученo:

  • автобуски превоз на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во Golden City Hotel – 3*
  • разгледување на Атина со локален водич
  • организација на аранжманот и лиценциран придружник на групата

    Во цената не е вклученo:

  • задолжително патничко осигурување(без франшиза) 250 ден.до 65г.,300ден. до 70год.,400д.над 70г.)
  • туристичка такса 1 евро по лице по ден=2 евра (плаќање во агенција)
  • целодневен излет до Пелопонез (Коринтски канал и Микена) =30 еур
  • факултативен излет до Пиреа, Глифада и Сунион =20 еур
  • влезници за локалитетите (Акропол,Микена-Агамемнон,Сунион…)
  • новогодишна вечера со програма во Таверна на 01.01.2027=40 еур

Напомена : За факултативите , потребно е 50% од патниците

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Супер Травел и СКТМ.