Термин: 05 Март 2027
1 ден 05.03.2027 • Скопје – Кан
Состанок на групата во 09:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска.Денско и ноќно возење со попатни паузи.
2 ден 06.03.2027 • Кан
Oчекувано пристигнување во Кан околу пладневните часови. Почнуваме со запознавање на монденскиот Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, стариот град со тврдината..Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки, можност за капење на градската песочна плажа, кафе во кафуле со автентичен француски амбиент или вечера во центарот на Кан. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
03 ден 07.03.2027 • Антиб – Ница
Појадок. Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб…
• Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, прошетка по калдрмата на автентичните улички, преполни со уникатни локални дуќанчиња, бистроа и ресторани… несекојдневна можност за посета на уникатниот музеј посветен на генијалниот Пикасо ( влезница 12 еур)…и потоа посета на кралицата на Азурниот брег.
• Ница – продолжуваме со посета на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата, катедралата, променадата… Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на Ница, можност за капење на градската плажа, препорачуваме ручек во некој од автентичните провансалски ресторани во центарот на градот. Во вечерните часови враќање во Кан. Ноќевање.
04 ден 08.03.2027 • Кан – Сен Тропе – Монте Карло
По појадокот препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег
• Сент Тропе – Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи ( Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien, катедралата… Во попладневните часови враќање во Кан. Слободно време за одмор. Вечерта предлагаме излет до гламурозниот Монте Карло… слободно време за прошетки и посета на најлуксузната коцкарница во светот. Враќање во хотел. Ноќевање.
05 ден 09.03.2027 • Кан – Фрагонард во Ез – Монако – Скопје
Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини… Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Можност за посета на Океанографскиот институт и аквариум во Монако ( влезница 23 Еур). Поаѓање кон Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно и денско возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
06 ден 10.03.2027 • Скопје
Очекувано пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Промо цена за резервација до 15.12.2026 : 259€ / 16.060 ден
Редовна цена на аранжманот: 299 € /18.540 ден