Прескокни до содржината

БЕРНИНА ЕКСПЕРЕС

Цирих, Луцерн и Базел -14.02.2027

Фотографии

БЕРНИНА ЕКСПЕРЕС БЕРНИНА ЕКСПЕРЕС БЕРНИНА ЕКСПЕРЕС БЕРНИНА ЕКСПЕРЕС

Почнете да пишувате овде...

Романтично патување со Бернина експрес

Цирих, Луцерн и Базел

Овој 14 февруари, Денот на вљубените и виното, подарете си патување што ќе го паметите! ❤️🍷 Од магичното возење со легендарниот Бернина експрес низ снежните швајцарски Алпи, преку шармот на Цирих и романтичниот Луцерн, до историскиот Базел и францускиот Мулхаус – уживајте во патување исполнето со прекрасни пејзажи, нови откритија и незаборавни доживувања. Затоа што најубавиот подарок за 14 февруари не е нешто што се купува, туку спомен што се создава заедно! ❤️❄️

1ден Сабота 13.02                     Скопје – Бергамо

Состанок на групата на скопскиот ареодром 2 часа пред лет. Лет за Милано 19.05 полетува и 21.10 слетува. Трансфер до хотел. Ноќевање

 

2ден Недела 14.02                    Бергамо–Тирано–Чур–Цирих: Магично патување низ снежните Алпи со легендарниот Бернина експрес

Појадок. Трансфер со автобус (поаѓање од хотел во 10.30 часот) до железнижката станица во Тирано. Возот Бернина Експрес поаѓа за Чур во 14.27часот. Бернина експрес е една од најубавите панорамски железнички линии во светот, која ги поврзува италијанскиот град Тирано и швајцарскиот град Чур. Патувањето претставува вистинска авантура низ срцето на Алпите, исполнета со спектакуларни природни пејзажи, планински врвови, глечери, езера и историски мостови. Рутата е долга приближно 144 километри, а патувањето трае околу четири часа. За тоа време возот поминува преку 196 мостови и низ 55 тунели, совладувајќи големи висински разлики без употреба на запчеста железница. Железничките линии Албула и Бернина се дел од светското наследство на УНЕСКО од 2008 година. Патувањето започнува во Тирано, набргу по поаѓањето, возот минува преку познатиот кружен вијадукт Брузио, уникатно инженерско дело кое овозможува возот да совлада голема висинска разлика преку кружна траса. Следи искачувањето кон превојот Бернина, каде железницата достигнува надморска височина од 2.253 метри и тука пејзажот целосно се менува. Во зимските месеци планините се покриени со снег, а замрзнатото езеро Лаго Бјанко создава неверојатна алпска атмосфера и од панорамските прозорци се отвораат погледи кон величествените врвови и глечери. Следна атракција е вијадуктот Ландвасер, импресивен камен мост со шест лакови, висок околу 65 метри, кој директно води во тунел издлабен во планината. Патувањето завршува во Чур, најстариот град во Швајцарија. Бернина експрес не е само превоз од една до друга дестинација, туку вистинско доживување, благодарение на големите панорамски прозорци, патниците можат да уживаат во неверојатните пејзажи во текот на целото патување, а особено во февруари, кога Алпите се покриени со снег, рутата Тирано – Чур нуди едно од најубавите зимски железнички доживувања во Европа. Посебна магија на ова незаборавно патување ќе му даде и датумот 14 февруари – Денот на вљубените и виното, кога романтиката, љубовта и убавината на снежните Алпи ќе се спојат во едно единствено доживување со Бернина експрес. Пристигнување во Чур во 18.30 часот. Слободно време за кратка прошетка. Патувањето до Цирих го продолжуваме со воз. Пристигнување во Цирих и во непосредна близина на железничката станица е хотелот Hotel Züri by Fassbind. Сместување. Ноќевање.

 

3ден Понеделник 15.02        Цирих – прошетка низ срцето на Швајцарија и слатко уживање во Lindt

Појадок. Разгледување на Цирих, најголемиот град во Швајцарија, кој на прекрасен начин ги спојува богатата историја, елегантната архитектура и модерниот начин на живот. Сместен на бреговите на реката Лимат и Циришкото Езеро, градот нуди бројни знаменитости, живописни улички и прекрасни места за прошетка. Разгледувањето ќе го започнеме со прошетка по Bahnhofstrasse, една од најелегантните шопинг-улици, потоа ќе продолжиме кон стариот дел на градот, каде тесните калдрмисани улички, историските градби и малите плоштади го зачувале шармот на некогашниот Цирих. Ќе прошетаме низ живописниот кварт Niederdorf, значајните знаменитости што ќе ги видиме се Grossmünster, препознатливата црква со две кули и еден од симболите на градот, Fraumünster, позната по прекрасните витражи, како и црквата St. Peter, чија кула го има најголемиот црковен часовнички бројчаник во Европа. Ќе го посетиме и Lindenhof, историски плоштад сместен во срцето на стариот град, од каде се отвора прекрасен панорамски поглед кон реката Лимат. Прошетката ќе продолжи кон Циришкото Езеро и плоштадот Bürkliplatz. За крај на нашата тура следува вистинско слатко доживување – посета на Lindt Home of Chocolate! Недалеку од центарот на Цирих, се наоѓа познатиот музеј на чоколадата Lindt Home of Chocolate, сместен веднаш до историската фабрика на Lindt. Тука ќе имаме можност да се запознаеме со историјата на швајцарската чоколада, патот на какаото од зрно до готов производ, како и со тајните на изработката на едно од најпознатите чоколадни задоволства во светот. Посебна атракција е чоколадна фонтана висока над девет метри, а за љубителите на чоколадото најинтересниот дел се дегустациите на различни видови Lindt чоколади. Посетата ќе ја заокружиме со можност за купување слатки подароци и сувенири во големата продавница на Lindt. Со ова слатко уживање ќе го завршиме нашиот ден во Цирих, исполнет со прекрасни знаменитости, швајцарски шарм и незаборавни вкусови! Враќање во хотел. Слободна попладе, вечер. Ноќевање.

 

4ден Вторник 16.02 Цирих – Луцерн: Магијата на швајцарските Алпи и езерскиот бисер на Швајцарија, факултативна екскурзија – времетраење околу 8 часа

Појадок. Луцерн е место каде историјата, природата и алпската романтика се спојуваат во едно незаборавно доживување! Факултативна екскурзија до Луцерн, еден од најубавите и најромантичните градови во Швајцарија, сместен на брегот на прекрасното Луцернско Езеро, во подножјето на величествените швајцарски Алпи. Луцерн е град кој освојува на прв поглед со својата средновековна архитектура, живописни плоштади, шарени историски фасади и прекрасни погледи кон околните планински врвови. За време на нашата прошетка ќе го посетиме стариот град, каде тесните улички водат низ прекрасни плоштади, традиционални швајцарски продавници, кафулиња и историски градби украсени со впечатливи фрески. Главниот симбол на Луцерн е познатиот Капелбрике, дрвениот покриен мост од 14 век, кој се протега над реката Ројс и заедно со препознатливата осумаголна Водена кула, претставува една од најфотографираните знаменитости во цела Швајцарија. Ќе имаме можност да го видиме и впечатливиот Споменик на лавот (Löwendenkmal), врежан директно во карпа, посветен на швајцарските гардисти кои ги загубиле животите за време на Француската револуција. Овој споменик се смета за едно од најтрогателните уметнички дела во Европа. Прошетката ќе ја заокружиме покрај Луцернското Езеро. Слободно време за индивидуални прошетки, фотографии, уживање во швајцарско кафе, дегустација на локални специјалитети.. По исполнетиот ден со прекрасни пејзажи, историја и автентична швајцарска атмосфера, следува враќање во Цирих. Слободно поладне, вечер. Ноќевање.

 

5ден Среда 17.02 Цирих – Базел – Мулхаус: Од швајцарскиот шарм до легендите на автомобилската историја

Појадок. Патување кон Базел, еден од најубавите културни и историски градови во Швајцарија, сместен на бреговите на реката Рајна, во непосредна близина на границите со Франција и Германија. За време на разгледувањето ќе прошетаме низ стариот град, ќе ја видиме величествената Базелска катедрала, една од најзначајните знаменитости на градот, изградена во романски и готски стил, како и прекрасната панорамска тераса Pfalz, од каде се отвора впечатлив поглед кон реката Рајна и градот. Нашата прошетка ќе продолжи кон Marktplatz, централниот градски плоштад, каде се наоѓа препознатливото Градско собрание со својата впечатлива црвена фасада и богати декоративни детали, ќе го видиме и познатиот Mittlere Brücke, историски мост преку Рајна, кој претставува еден од симболите на Базел и нуди прекрасни можности за фотографии. По разгледувањето и краткото слободно време, нашето патување ќе продолжи кон соседна Франција, поточно до градот Мулхаус (Mulhouse), во регионот Алзас. Тука нè очекува посета на една од најинтересните атракции во регионот – Националниот автомобилски музеј (Musée National de l'Automobile – Collection Schlumpf), дом на една од најголемите и највпечатливите автомобилски колекции во светот, влезницата е факултативна. Музејот претставува вистинско патување низ историјата на автомобилската индустрија, со изложени стотици ретки, историски и луксузни автомобили. Посетителите ќе имаат можност да видат легендарни модели на Bugatti, Rolls-Royce, Ferrari, Mercedes-Benz и многу други светски познати производители... Оваа посета е вистинско уживање не само за љубителите на автомобили, туку и за сите што сакаат да откријат нешто ново и да доживеат дел од историјата на европската индустрија. Еден ден, две држави и безброј впечатоци – од прекрасните улици на Базел до легендарните автомобили во Мулхаус! По исполнетиот ден, во кој ќе ги споиме швајцарската историја, францускиот шарм и фасцинантниот свет на автомобилите, следува транцфер до аеродромот во Базел. Полетување за Скопје во 20.45 часот и слетување во 22.55 часот.

 

 

Цени

Цена на аранжманот за резервации до 30.11  - 839 евра  - 52.000 денари по лице

Редовна цена 899 евра – 55.740 денари по лице

Услови

Во цена е вклучено

-          Авио билет со Визер на релација Скопје – Бергамо х Базел – Скопје

-          Аеродромски такси и мал кабински багаж ( димензии 40х30х20)

-          Хотелско сместување на база 4 ноќевања со појадок, 1 во Бергамо и 3 во Цирих

-          Трансфери според програмата:  Бергамо аеродром до хотел, од  хотел до Тирано, Цирих хотел до Баел и Мулхаус и аердром

-          Панорамски воз Бернина експрес Тирано до Чур  и воз од Чур до Цирих

-          Лиценциран водич, пратител на програмата

-          Организација на аранжманот

 

Во цената не е вклучено

-          Дополнителен багаж – кабински или чекиран (цени 7дена пред патување)

-          Луцерн – 75 евра

-          Влезница за Линд – 25 евра

-          Влезница за автомобилски музеј – 25 евра

-          Карти за јавен превоз

Напомени:

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби. 

Дете од 2 до 12 год. плаќа 799 евра.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 17 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.

Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.

Усни и телефонски резервации се невалидни.

Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА Супер Травел