Прескокни до содржината

Дуплекс АНАСТАСИЈА

50 м од плажа

Фотографии

Дуплекс АНАСТАСИЈА Дуплекс АНАСТАСИЈА Дуплекс АНАСТАСИЈА Дуплекс АНАСТАСИЈА Дуплекс АНАСТАСИЈА Дуплекс АНАСТАСИЈА Дуплекс АНАСТАСИЈА Дуплекс АНАСТАСИЈА Дуплекс АНАСТАСИЈА Дуплекс АНАСТАСИЈА Дуплекс АНАСТАСИЈА Дуплекс АНАСТАСИЈА

BLACK FRIDAY 20% ПОПУСТ 

на цените во табелата (минимум уплата од 50%) важи до 30.11.2026, а остатокот се доплаќа до 31.03.2027

Неа Плагиа, сместена на самиот почеток на западниот брег на Халкидики, е дестинацијата која совршено ги исполнува сите очекувања – било да планирате семеен одмор, романтично бегство или мирна летна релаксација.

Неа Плагиа ќе ве освои со своето прекрасно уредено пешачко шеталиште (променада) кое навечер оживува, исполнето со традиционални грчки таверни, модерни кафулиња, слаткарници и продавници. За разлика од преплавените мега-ресорти, ова место нуди опуштено секојдневие, каде што домашната гостопримливост и автентичниот грчки дух се на прво место. Местото е директно споено со соседниот живописен брег на Неа Флогита, што ви овозможува уште поголем избор на содржини и плажи на дофат на раката.


  • Плажа: Долга песочна плажа со кристално чисто море и благ влез во водата, што ја прави извонредно безбедна и омилена за семејства со мали деца. Поголемиот дел од плажата е организиран со лежалки и чадори (кои одат со нарачано пијалак), но има и доволно простор за сопствена опрема.

  • Содржини: Местото располага со сè што ви е потребно за безгрижен престој – добро снабдени супермаркети, пекари, месарници, аптеки, како и брза достапност до поголемите градски центри во близина.

Благодарение на својата одлична позиција на вратата од Халкидики, Неа Плагиа е совршена база за истражување:

  1. Неа Флогита (~1 км): Соседно место до кое лесно можете да стигнете со пријатна прошетка покрај плажата. Познато е по богатиот ноќен живот, врвните рибни таверни и прекрасните содржини на плажа.

  2. Неа Мудања (~6-7 км): На само неколку минути возење се наоѓа најголемиот град во околината, идеален за голем шопинг, посета на локалниот пазар, вечерна прошетка покрај море, или прекрасно помината вечер во некој од кафичите и рестораните покрај море.

  3. Пештерата Петралона (~20 км): Фасцинантна природна и историска атракција со впечатливи пештерски украси, идеална за кратко еднодневно патување.

  4. Солун (~45 км): Доколку посакате урбана динамика, музеи, шопинг молови или богата историја, вториот по големина грчки град ви е на помалку од еден час возење.

Дуплексот АНАСТАСИЈА се наоѓа на 1 кат на идеална локација  на 30 м од прекрасната песочна плажа на 250 м од центарот на Неа Плагиа и 400 м од Флогита . 

Дуплексот АНАСТАСИЈА се состои од две посебни спални соби во едната со 1 брачен кревет и другата со 2 единачни кревети и заедничка дневна со кујна во која има софа на спуштање за 1 лице и фотелија на спуштање за дете до 6 години. Има голем балкон со маса и столови.

Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. 

Нема обезбеден паркинг но има можност за паркинг веднаш пред вилата или околните улици, "НАПОМЕНА" забрането е паркирање под зграда бидејќи тоа се приватни паркизи на станари од зградата. 

Вилата НЕ располага со пешкири.

Туристичката такса се плаќа во АГЕНЦИЈАТА  при уплата и истата изнесува 4 евра на ден за  дуплекс.

Цени

BLACK FRIDAY 20% ПОПУСТ 

на цените во табелата (минимум уплата од 50%) важи до 30.11.2026, а остатокот се доплаќа до 31.03.2027

Термин

Ноќевања

Дуплекс 1/4+2

21.05.2027

7*

119 €  х 4 лица мин.

28.05.2027

7*

149 € х 4 лица мин.

04.06.2027

7*

169 € х 4 лица мин. 

11.06.2027

7*

199 € х 4 лица мин.

18.06.2027

7*

209 € х 4 лица мин.

25.06.2027

7

740 €

02.07.2027

7

800 €

09.07.2027

7

860 €

16.07.2027

7

900 €

23.07.2027

7

960 €

30.07.2027

7

960 €

06.08.2027

7

900 €

13.08.2027

7

880 €

20.08.2027

7

850 €

27.08.2027

7*

209 € х 4 лица мин.

03.09.2027

7*

199 € х 4 лица мин. 

10.09.2027

7*

179 € х 4 лица мин. 

17.09.2027

7*

119 € х 4 лица мин.

Вонсезона (7*)     Сезона (7)     Сите цени се во евра (€)

СЛОБОДНИ КАПАЦИТЕТИ ПРОВЕРИ : ОВДЕ

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА - ВОНСЕЗОНСКИ со ознака * СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ, 
  • за Дуплекс плаќаат минимум 4 лица останатите до максмалниот капацитет се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат; 
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА  – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
  • За возрасни 3.720 мкд. (60 евра), еден правец 2.790 мкд. (45 евра)
  • За деца до 12 години 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
  • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.

  • Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. 
  • Нема обезбеден паркинг но има можност за паркинг веднаш пред вилата или околните улици. 
  • Вилата НЕ располага со пешкири.
  • Туристичката такса се плаќа во АГЕНЦИЈАТА  при уплата и истата изнесува 4 евра на ден за  дуплекс.

Локација

Неа Плагија

Сместување

  • Слободно
  • Резервирано
  • Пред резервација

Дуплексот АНАСТАСИЈА се наоѓа на 1 кат и се состои од две посебни спални соби во едната со 1 брачен кревет и другата со 2 единачни кревети и заедничка дневна со кујна во која има софа на спуштање за 1 лице и фотелија на спуштање за дете до 6 години. Има голем балкон со маса и столови.

1/4+2 Дуплекс - 1 кат

  • 21.05 – 28.05 Слободно
  • 28.05 – 04.06 Слободно
  • 04.06 – 11.06 Слободно
  • 11.06 – 18.06 Слободно
  • 18.06 – 25.06 Слободно
  • 25.06 – 02.07 Слободно
Проверете достапност

Услови

  • НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:

    • Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица.
    • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
    • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
    • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
    • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
    • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
    • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
    • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
    • Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
    • Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас.
    • Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици.
    • Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки.
    • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
    • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Супер Травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
    • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
    • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. Супер Травел и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
  • Превоз:

    • Тргнувањето се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
    • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
    • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
    • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж т.а. „Супер Травел“ не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.
    • Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање и истиот се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
    • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 20 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
  • Место на поаѓање:

    • Скопје – БП Макпетрол (Fast Food 7 - Автокоманда, СЕТУГС „Михајло Пупин“)
    • Велес – БП Макоил
    • Неготино – БП Макпетрол - Неготино
    • ГП Богородица

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и „СУПЕР ТРАВЕЛ“.