BLACK FRIDAY 20% ПОПУСТ
на цените во табелата (минимум уплата од 50%) важи до 30.11.2026, а остатокот се доплаќа до 31.03.2027
Дестинација која нуди совршен спој на грчка традиција, современи содржини, прекрасни плажи и живописен ноќен живот е Неа Мудања, најголемиот град и економско-културно срце на западниот брег на полуостровот Касандра.
Неа Мудања ќе ве освои со прекрасно уреденото шеталиште покрај брегот исполнето со бројни таверни, рибни ресторани и кафулиња, како и со широкиот спектар на можности за шопинг и забава. За разлика од чисто мирните села, тука секогаш има енергија, а во текот на летните месеци градот е домаќин на познати културни манифестации, вклучувајќи го и традиционалниот Фестивал на сардината.
Плажа: Неа Мудања има долга, широка песочна плажа со чисто море, опремена со лежалки, чадори и содржини за спортови на вода. Плажата е дел од познатата долга линија која се протега сè до соседниот Паралија Дионисиу.
Како главен центар во регионот, градот нуди големи супермаркети, банки, аптеки, болница/здравствен дом, бензински пумпи и секаков вид услуги кои ќе ви обезбедат максимална сигурност и комодитет за време на одморот.
Пештерата Петралона (~18 км): Една од најпривлечните атракции во Северна Грција, позната по спектакуларните пештерски украси и богатата праисториска историја.
Дуплексот ЕЛЕНИ се наоѓа на идеална локација на 250 м од прекрасната песочна плажа и 300 м од центарот на Неа Мудања каде што имате Бутици,Кафитерии,Горо,Таверни,рибни ресторани итн.
Дуплексот ЕЛЕНИ се состои од две посебни спални соби секоја со по 1 брачен кревет и една фотелија на спуштање погодна за деца до 6 год. и Дневна соба со кујна во која има 1 единачен кревет и кујнска маса со столови. Има една балкон спрема улица со маса и столови и од другата страна исто така маса и столови во делот кој гледа кон заедничкиот двор.
Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената.
Нема обезбеден паркинг но има можност за паркинг веднаш пред вилата или околните улици.
Вилата НЕ располага со пешкири.
Туристичката такса се плаќа во АГЕНЦИЈАТА при уплата и истата изнесува 4 евра на ден за дуплекс.