ХЕРЦЕГ НОВИ - ИГАЛО - ДУБРОВНИК - КОТОР
Фотографии
Програма
-
Ден 1 30.12.2026
30.12.2026
Поаѓање во 22.00 часот од Прилеп со автобус преку Албанија, ноќно возење со паузи.
-
Ден 2 31.12.2026
31.12.2026
Пристигнување во Црна Гора во утринските часови, се поминува покрај Улцињ,Бар, Суто Море. св. Стефан – едно од најатрактивните места во Црногорското приморје, па преку Тиват, пауза во Тиват– на монденското пристаниште Порто Монтенегро, спој на природна убавина и човечки ресурси,па се продолжува (со траект) или Котор,за Херцег Нови. Приватно сместување вo соби 1 категорија, студиа и апартмани во Херцег Нови и Игало.Разгледување на Игало – тоа е познатото Црногорско туристичко место од областа на Здравствениот туризам, познато по вилата на Тито, како и разглед на Херцег Нови: шеталиштето “Пет Даница” со многу цвеќе, палми, ресторани, кафичи,кулата “Форте Маре” и тврдината “Канли кула“.Вечерта дочек на најлудата ноќ-Новата 2027 г. на плоштад во Херцег Нови, каде најавен е настап на Балканските популарни музички sвезди Саша Матиќ и Џенан Лончаревиќ…… Ноќевање.
-
Ден 3 01.01.2027
01.01.2027
Факултативен излет до Дубровник: разглед на стариот дел на градот: Плаца-Страдун, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Палатата Спонза, цр. Св. Влах…Враќање во Херцег Нови.… Вечерта реприза на Новогодишната ноќ, на плоштадот во Х.Нови, каде најавен е настап на познатата музичка звезда Наташа Беквавац.Ноќевање.
-
Ден 4 02.01.2027
02.01.2027
Поаѓање за Македонија преку Бокакоторскиот залив,со посета на прекрасниот град под УНЕСКО – КОТОР:прошетка во стариот град каде ќе се видат:Средновековната тврдина-Сан Џовани,, во која ќе се види Саат кулата, Катедралата св.Трифун,Поморскиот музеј и на крај кафе пауза во еден од многуте кафе барови во Стариот град во Котор.Пoтоа се продолжува за Македонија преку Тирана, ноќно возење со попатни паузи.
-
Ден 5 03.01.2027
03.01.2027
Пристигнување во Прилеп во раните утрински часови.
Цени
Услови
- Во цената е вклучено:
- автобуски превоз на дадената релација
- 2 ноќевања во соби 1-ва категорија,студиа и апартмани во Херцег Нови
- разгледување на Херцег Нови и Игало
- организација и придружник на патувањето
- патничко здравствено осигурување(без франшиза) 250ден. до 65год., 300ден. 65-70 год.
- туристичка такса 1.5 еур по лице по ден=3 еур-плаќање во агенција
- факултативен излет до Дубровник=20 евра
- посета на Котор-задолжително-5 евра
Во цената не е вклучено:
– влезници за културно историските споменици
Напомена: За факултативата, потребен е минимум од 50%од патниците Рок на пријавување до 21.12.2026 година
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и „СУПЕР ТРАВЕЛ“.