Сместен во популарното летувалиште Santa Susanna, на само една минута пешачење од плажата, ALEGRIA El Mar 4* Superior е одличен избор за летен одмор на шпанското крајбрежје. Со модерно уреден амбиент, удобни соби и разновидни содржини за релаксација и забава, хотелот е погоден за семејства, парови и пријатели кои сакаат да го искористат летото во вистински медитерански стил.
Хотелот располага со комфорни, климатизирани соби, вклучувајќи стандардни соби, соби со поглед на море и апартмани. На гостите им се достапни надворешен базен со простор за одмор, ресторан со шведска маса со разновидна понуда на локални и интернационални специјалитети, како и кафе-бар каде што можат да уживаат во освежителни пијалаци и коктели. За оние кои сакаат дополнително уживање, хотелот нуди и Spa & Wellness центар со внатрешен загреан базен со хидромасажа, сауна и турска бања, како и фитнес-сала.
За најмладите гости се организираат активности и забавни програми, додека возрасните можат да се опуштат покрај базенот или да уживаат во вечерите со музика во живо и пријатната атмосфера на хотелскиот бар. Во зависност од избраниот пакет, достапна е и All Inclusive услуга, која вклучува оброци, ужини и пијалаци според условите на хотелот.
Благодарение на близината до песочната плажа и локацијата во Santa Susanna, хотелот е одлична почетна точка за долги прошетки покрај морето, истражување на локалните продавници и ресторани и откривање на шармот на шпанското крајбрежје.
ALEGRIA El Mar 4* Superior е одличен избор за безгрижен летен одмор, со комбинација од удобност, гастрономски доживувања и содржини за сите генерации, на само неколку чекори од морето.
| Датум: | 17.06.-09.09.2027 |
| Цени: | од 729€ по лице *Искористи Ealry bird попуст до 31.03.2027! Напомена: За потврда на “рана” резервација (early bird) потребна е уплата од 25% од вкупниот износ на аранжманот. Уплатениот износ е неповратен. |
| Во цената е вклучено: |
|
| Во цената не е вклучено: |
|