Прескокни до содржината

Карневал во ВЕНЕЦИЈА

Фотографии

Карневал во ВЕНЕЦИЈА Карневал во ВЕНЕЦИЈА Карневал во ВЕНЕЦИЈА Карневал во ВЕНЕЦИЈА Карневал во ВЕНЕЦИЈА Карневал во ВЕНЕЦИЈА Карневал во ВЕНЕЦИЈА Карневал во ВЕНЕЦИЈА Карневал во ВЕНЕЦИЈА Карневал во ВЕНЕЦИЈА Карневал во ВЕНЕЦИЈА
Carnevale di Venezia е еден од најпознатите карневали низ светот и препознатлива карактеристика на градот. Карневалот е традиција која се организира со векови и сè уште привлекува илјадници туристи кои секоја година пристигнуваат во Венеција за да се восхитуваат на раскошните костими и маски кои парадираат на улиците и плоштадите.

Програма

  1. Ден 1 (среда) — СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА

    03.02.2027

    Состанок на групата на скопскиот аеродром во 11:10 часот. Лет за Венеција W6 4751 во 13:10 ч. Пристигнување на аеродромот Марко Поло во 14:55 ч. Превоз до центарот на Маргера (околина на Венеција). Сместување во хотел. Слободно попладне за прошетки низ Венеција со придружникот на групата (со јавен превоз). Враќање во хотел. Ноќевање. 🎭 ПРОГРАМА НА КАРНЕВАЛОТ 09:00–17:00 ч. Ревија на карневалски костими на плоштадот Свети Марко 10:00–13:00, 15:00–19:00 ч. Музика, циркуски театри, акробации и кловнови низ улиците на градот (Campo Santa Margherita, San Giacomo, San Geremia, San Cassiano, Gesuiti, Santa Maria Formosa, Sant'Elena и плоштадот Galuppi во Бурано) 11:30, 12:30, 14:00, 15:00, 16:00 ч. Улични театарски претстави на Campo Santo Stefano

  2. Ден 2 (четврток) — ВЕНЕЦИЈА

    04.02.2027

    Појадок. После појадокот организиран панорамски разглед со локален водич на Венеција. Пристигнување со јавен превоз до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св. Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Ријалто, Канал Гранде… Во слободното време препорачуваме посета на камбанаријата на Сан Џорџо Маџоре и преубавата фасада на Паладио, од каде што имате преубав поглед на Венеција. Посетете го музејот на црквата Св. Марко, од каде што имате уште еден преубав поглед од балконот на црквата на целиот плоштад пред вас. Кај мостот Ријалто дозволете си пауза за ручек во еден од многубројните ресторани, уживајќи во вкусната италијанска кујна… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Ноќевање. 🎭 ПРОГРАМА НА КАРНЕВАЛОТ 09:00–17:00 ч. Ревија на карневалски костими на плоштадот Свети Марко 12:00, 16:00, 17:00 ч. Натпревари за костими на плоштадот Свети Марко 10:00–13:00, 15:00–19:00 ч. Музика, циркуски театри, акробации и кловнови низ улиците на градот (Campo Santa Margherita, San Giacomo, San Geremia, San Cassiano, Gesuiti, Santa Maria Formosa, Sant'Elena и плоштадот Galuppi во Бурано) 11:30, 12:30, 14:00, 15:00, 16:00 ч. Улични театарски претстави на Campo Santo Stefano 17:30 ч. Отсекување на биковата глава, театарска претстава на плоштадот Свети Марко

  3. Ден 3 (петок) — МУРАНО – БУРАНО – ТОРЧЕЛО

    05.02.2027

    Појадок. Факултативна посета на трите најпознати острови во Лагуната на Венеција (Мурано, Бурано и Торчело). Лагуната брои вкупно 120 острови, од кои само 11 се населени, а овие три не треба да ги пропуштите. Мурано е трет по големина и иако поседува многу знаменитости, најпознат е по изработката на муранското стакло, од кое произведуваат накит, витражи, лустери, огледала, чинии, вазни… Музејот на стаклото е сместен во палатата Јустинијан на самиот остров. Во 13 век Мурано било летувалиште на познатите аристократи, кои изградиле прекрасни вили со богати градини и овоштарници. Главниот приход на Бурано во минатото бил риболовот. Мажите претежно се занимавале со риболов, додека жените биле посветени на обработка и везење на чипка, која до ден денешен се изработува. Бурано е познат по шарените куќи што го обиколуваат целиот остров, секоја со различна боја од претходната, за рибарите што се враќале од риболов во темните ноќи да можат да си ја препознаат својата куќа. Торчело е најстариот населен остров; познатата црква Санта Марија Асунта располага со импресивни мозаици, а нејзината камбанарија нуди незаборавен поглед на лагуната. Во Торчело се наоѓа познатиот хотел и ресторан Локанда Ципријани, каде што често престојувал Ернест Хемингвеј. Враќање во Венеција, па потоа во хотелот во Маргера. Ноќевање. 🎭 ПРОГРАМА НА КАРНЕВАЛОТ 09:00–17:00 ч. Ревија на карневалски костими на плоштадот Свети Марко 10:00–13:00, 15:00–19:00 ч. Музика, циркуски театри, акробации и кловнови низ улиците на градот (Campo Santa Margherita, San Giacomo, San Geremia, San Cassiano, Gesuiti, Santa Maria Formosa, Sant'Elena и плоштадот Galuppi во Бурано) 11:30, 12:30, 14:00, 15:00, 16:00 ч. Улични театарски претстави на Campo Santo Stefano

  4. Ден 4 (сабота) — ВИЧЕНЦА И ПАДОВА

    06.02.2027

    Појадок. Можност за факултативна посета на Виченца и Падова со јавен превоз (железница) и со придружникот на групата. Виченца е град во регионот Венето, во североисточна Италија. Градот е познат по елегантните градби проектирани од архитектот од 16 век Андреа Паладио. Меѓу нив спаѓаат Паладијанската базилика и Палацо Кјерикати, каде што денес е сместена уметничка галерија. Во срцето на историскиот центар на Виченца се наоѓа Пјаца деи Сињори (Piazza dei Signori) – простран и жив плоштад опкружен со барови и продавници, каде што се одржува и неделен пазар. Падова е град во регионот Венето, во Северна Италија. Градот е познат по фреските на Џото во капелата Скровењи, создадени во периодот 1303–1305 година, како и по величествената базилика „Св. Антониј“ од 13 век. Базиликата, која се одликува со куполи во византиски стил и значајни уметнички дела, го чува гробот на светецот чие име го носи. Во стариот дел на Падова се наоѓаат улици со аркади и стилски кафулиња што ги посетуваат студентите од Универзитетот во Падова, основан во 1222 година. Враќање во хотелот во Маргера. Ноќевање.

  5. Ден 5 (недела) — ВЕНЕЦИЈА – СКОПЈЕ

    07.02.2027

    Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно време за индивидуални активности и прошетки низ Венеција и низ Местре. Трансфер до аеродромот Марко Поло околу 16 ч. Лет за Скопје W6 4752 во 19:20 ч. Пристигнување во Скопје во 21:00 часот.

Цени

Цена на аранжманот: 415 € (25.730 ден.)
Цена во претпродажба:
375 € (23.250 ден.)
* Цената е дадена по лице за минимум 2 лица во соба.

Услови

                ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
    • Авионски превоз на релација Скопје – Венеција – Скопје (со Wizz Air) со вклучени аеродромски такси
    • Сместување во хотел Hotel Mondial *** во Венеција/Маргера, на база 4 ноќевања со појадок
    • Панорамски разглед на градот Венеција со локален водич (јавниот превоз Маргера – Венеција – Маргера се доплаќа)
    • Рачна торба (20 × 40 × 30 cm), најмногу 8 kg
    • Организирани трансфери во Венеција: аеродром – хотел – аеродром
    • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

    • ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
    • Туристичка такса: хотел 3* – околу 2,4 € по лице / ноќевање
    • Здравствено-патничко осигурување
    • Факултативен разглед на Мурано, Бурано и Торчело 45 € (превоз и водич на брод)
    • Факултативен разглед на Виченца и Падова со придружникот на групата 30 € (јавен превоз и придружба)
    • Пријавен багаж до 20 kg – информација во агенција
    • Пријавен багаж до 32 kg – информација во агенција
    • Билети за јавен превоз со автобус или железница
    • Влезници за културно-историските споменици
    • Доплата за еднокреветна соба – 95 €

  •         НАПОМЕНИ:

    • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
    • За реализација на факултативните екскурзии потребен е минимум од 15 патници.
    • Услови за плаќање: при резервација 30 % аванс, остатокот најдоцна 21 ден пред патувањето.
      Откажување од страна на патникот (во писмена форма): до 30 дена пред патувањето 30 %, од 29 до 15 дена 50 %, од 14 до 5 дена 80 %, од 5 до 0 дена или во текот на патувањето 100 % од цената на аранжманот.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и „СУПЕР ТРАВЕЛ“.