Прескокни до содржината

Куќа “Alexandra”

5 минути од плажа

Фотографии

Куќа “Alexandra” Куќа “Alexandra” Куќа “Alexandra” Куќа “Alexandra” Куќа “Alexandra” Куќа “Alexandra”

Куќа „Alexandra” се наоѓа на одлична локација и има многу лесен пристап до прекрасната плажа која е на само 5-7 минути пешачење. Располагаме со 2 двокреветни студија, 3 трокреветни студија и едно четирикреветно студио. Сите студија се реновирани, нови и  располагаат со сопствени балкони, комарници, комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствени реновирани тоалети со пешкири. Интернетот, климата и сет пешкири се вклучени во цената. Вилата нема сопствен паркинг, гостите со сопствени возила може да се паркираат околу вилата.

Цени

25% попуст за 50% уплата веднаш и целосна доплата заклучно со 06.02.2027 (сабота)


1. Вонсезонски  цени

Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице ( задолжително плаќаат 2 лица )
ТерминНоќевања

1/2 студио  бр. 2 и бр. 5

 

1/3 студио  бр. 1, 4 и 7

 

1/4 студио бр. 3

 

16/05-23/0578999109
23/05-30/05799109119
30/05-06/067159169189
06/06-13/067199209229
13/06-20/067259269289
20/06-27/067269279299

* цена по лице со вклучен превоз

 

 

2. Сезонски  цени

Цените во табелата се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања без превоз
ТерминНоќевања

1/2 студио  бр. 2 и бр. 5

 

1/3 студио  бр. 1, 4 и 7

 

1/4 студио бр. 3

 

27/06-04/077599619679
04/07-11/077639669729
11/07-18/077679709769
18/07-25/077719759819
25/07-01/087749799859
01/08-08/087719759819
08/08–15/087689739799
15/08–22/087689739799
22/08–29/087669699759

  * цена за наем на студио

 

3. Вонсезонски  цени

Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице ( задолжително плаќаат 2 лица )
ТерминНоќевања

1/2 студио  бр. 2 и бр. 5

 

1/3 студио  бр. 1, 4 и 7

 

1/4 студио бр. 3

 

29/08–05/097269279299
05/09–12/097239249269
12/09–19/097169179199
19/09–26/097109119129

* цена по лице со вклучен превоз

Локација

Калитеа

Сместување

Високо приземје. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед кон парк, клима, ТВ, Wi-Fi. Има француски кревет и еден стандарден кревет.

Проверете достапност

Високо приземје. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед кон парк, клима, ТВ, Wi-Fi. Има брачен кревет.

Проверете достапност

Високо приземје. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед позади во дворот на вилата, клима, ТВ, Wi-Fi. Има два француски кревети.

Проверете достапност

Високо приземје. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед кон парк, клима, ТВ, Wi-Fi. Има француски кревет и еден стандарден кревет.

Проверете достапност

Прв кат. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед кон парк, клима, ТВ, Wi-Fi. Има брачен кревет.

Проверете достапност

Прв кат. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед позади во дворот на вилата, клима, ТВ, Wi-Fi. Има француски кревет и еден стандарден кревет.

Проверете достапност

Услови

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
  • За возрасни 3.720 мкд. (60 евра), еден правец 2.790 мкд. (45 евра)
  • За деца до 12 години 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
  • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
  • Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
  • ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ обележани со * не подлежат на попуст и истите се непроменливи (за сопствен превоз цената не се намалува).
  • Во студио дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
  • Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас.
  • Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици.
  • Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио/апартман.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Т.А. НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Превоз:

  • Тргнувањето се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж т.а. „Импала“ не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.
  • Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање и истиот се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
  • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 20 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

Место на поаѓање:

  • Скопје – хотел ‘Russia’
  • Куманово – БП Макпетрол (автопат)
  • Велес – БП Макоил
  • Неготино – БП Макпетрол Неготино
  • ГП Богородица