Прескокни до содржината

Куќа “La Casa Apartments 2”

200 метри од плажа

ПОЛИХРОНО е едно од најатрактивните туристички места на првиот крак на Халкидики – Касандра, сместено 98 км југоисточно од Солун, во живописниот залив Торонеос. Познато по својата неверојатна песочна плажа долга 7 километри со кристално чиста, плитка вода, ова место е идеално за семеен одмор и безброј водни активности. Опкружено со бујна медитеранска природа и убаво уредено осветлено шеталиште покрај морето Полихроно нуди мирна, но раздвижена атмосфера исполнета со ресторани, таверни, кафулиња, продавници и комплетно сите потреби за туристите. Благодарение на одличната локација, Полихроно е идеална точка за истражување на блиските места како Ханиоти, Криопиги, Калитеа, Афитос, Пефкохори, Паљури итн.

Куќа “La Casa Apartments 2” се наоѓа во централниот дел на Полихроно,  лоцирана во мирна уличка на 200 метри од песочната плажа. Во непосредна близина се наоѓаат ресторани, таверни, кафулиња, маркети, пекари, аптека и продавници. Идеален избор за патници кои сакаат да бидат блиску до плажа и до центарот на Полихроно.

Располагаме со две четворокреветни студија на ниско приземје. Се работи за нови студија кои се во употреба од јули 2026. Секое студио располага со опремена мини кујна со сите потребни елементи, фрижидер, микробранова печка, индукциска плотна за готвење, кујнски прибор,ТВ, и сопствени тоалети. Wi-Fi, клима уредот и сет пешкири се вклучени во цената. Туристичката такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 2 евра на ден по апартман. Студијата имаат сопствени тераси и одличен нов мебел. Куќата не располага со сопствен паркинг. Гостите имаат можност да ги паркираат своите возила на самата улица или на јавниот бесплатен паркинг во Полихроно, како и на околните улици на местата каде што паркирањето е дозволено.

Цени

25 % попуст

за 50% уплата веднаш и целосна доплата заклучно со 06.02.2027 (сабота)

1.Вонсезонски  цени

Термин

Ноќевања

1/2+2 студио бр. 8 и бр.9

задолжително плаќаат 2 лица

16/05-23/05

7

109

23/05-30/05

7

119

30/05-06/06

7

189

06/06-13/06

7

229

13/06-20/06

7

289

20/06-27/06

7

299

Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице

 

2.Сезонски  цени

Термин

Ноќевања

1/2+2 студио бр. 8  и бр.9 

27/06-04/07

7

689

04/07-11/07

7

729

11/07-18/07

7

749

18/07-25/07

7

749

25/07-01/08

7

769

01/08-08/08

7

769

08/08–15/08

7

769

15/08–22/08

7

749

22/08-29/08

7

749

Цените во табелата се однесуваат за наем на апартман за 7 ноќевања без превоз

 

3.Вонсезонски  цени

Термин

Ноќевања

1/2+2 студио бр. 8 и бр.9

задолжително плаќаат 2 лица

29/08–05/09

7

299

05/09–12/09

7

279

12/09-19/09

7

189

19/09–26/09

7

119

Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице

Локација

Сместување

1/2+2 студио бр. 8 – ниско приземје. Студиото располага со брачен кревет и софа на пуштање, опремена мини кујна со фрижидер, микробранова печка, индукциска плотна за готвење, кујнски прибор, ТВ, Wi-Fi, тоалет со туш, како и сопствена пространа тераса со маса и столови.

Проверете достапност

1/2+2 студио бр. 9 – ниско приземје. Студиото располага со брачен кревет и софа на пуштање, опремена мини кујна со фрижидер, микробранова печка, индукциска плотна за готвење, кујнски прибор, ТВ, Wi-Fi, тоалет со туш, како и сопствена пространа тераса со маса и столови.

Проверете достапност

Услови

  • НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:
    • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    • За возрасни 3.720 мкд. (60 евра), еден правец 2.790 мкд. (45 евра)
    • За деца до 12 години 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
    • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
    • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
    • ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
    • Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
    • Во студио дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
    • Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица.
    • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
    • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
    • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
    • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
    • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
    • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
    • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
    • Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
    • Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас.
    • Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици.
    • Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки.
    • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
    • Туристичка такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 2 евра на ден по апартман.
    • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
    • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
    • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
  •  

    Превоз:

    • Тргнувањето се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
    • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
    • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
    • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж т.а. не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.
    • Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање и истиот се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
    • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 20 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
  •  

    Место на поаѓање:

    • Скопје – хотел ‘Russia’
    • Куманово – БП Макпетрол (автопат)
    • Велес – БП Макоил
    • Неготино – БП Макпетрол Неготино
    • ГП Богородица