Куќа “Maria” – се наоѓа веднаш под главниот пат и пругата во центар на Лептокарија, на 150 м од плажа. Во близина на куќата има огромен број продавнички, пекари, ресторани, таверни, а веднаш спроти неа се наоѓа маркетот Матсутис. Располагаме со две трокреветни студија на втор кат опремени со мали кујни, тоалет и пространи тераси. Сите располагаат со клима уред, интернет и ТВ. Во истите постои можност да се додаде дополнително легло по потреба. Користење на клима и интеренет се вклучени во цена. Во самата куќа има просторија за оставање куфери која е достапна на гостите за користење како и паркинг во околина.
1/3 студио бр. 102 – втор кат. Студиото располага со три единечни стандардни кревети, мини кујна со решо, мал фрижидер како и клима уред, ТВ и Wi-Fi. Студиото има сопствен тоалет со туш и тераса опремена со маса и столови која е со страничен поглед море. Постои можност за дополнително легло.
1/3 студио бр. 103 – втор кат. Студиото располага со три единечни стандардни кревети, мала кујна со решо и мал фрижидер како и клима уред, ТВ и Wi-Fi. Студиото има сопствен тоалет со туш и тераса опремена со маса и столови која е со страничен поглед море. Постои можност за дополнително легло.