Прескокни до содржината

Луковска Бања - Хотел Копаоник

Водици

Фотографии

Луковска Бања - Хотел Копаоник Луковска Бања - Хотел Копаоник Луковска Бања - Хотел Копаоник Луковска Бања - Хотел Копаоник Луковска Бања - Хотел Копаоник Луковска Бања - Хотел Копаоник Луковска Бања - Хотел Копаоник Луковска Бања - Хотел Копаоник Луковска Бања - Хотел Копаоник
Доживејте ја зимската убавина на Луковска Бања и поминете ги празничните денови за Водици во пријатниот планински амбиент на хотел Копаоник 3★. Уживајте во топлите термоминерални води, релаксацијата во велнес и спа-центарот и прошетките на чист планински воздух. Спој на недопрена природа, мир и бањско уживање за вистински зимски одмор.

Програма

  1. Ден 1 (сабота) СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Луковска Бања околу пладне и сместување во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, време за релаксација и користење на содржините од Велнес Центарот. Вечера. Ноќевање.

    16.01.2027

  2. Ден 2 (недела) ЛУКОВСКА БАЊА Појадок. Организирана прошетка со локален водич низ поширокиот центар на Луковска Бања по источни падини на Копаоник: Горна Бања, Милутиново Купатило, Вирови.. Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за индивидуални активности, одмор и користење на термалните базени на хотелот. Вечера. Ноќевање.

    17.01.2027

  3. Ден 3 (понеделник) ЛУКОВСКА БАЊА Појадок. Ден предвиден за одмор и релаксација со користење на термалните базени и Велнес содржините на хотелот. Ручек. Слободно попладне за одмор, иднивидуални прошетки и релаксација. Вечера. Ноќевање.

    18.01.2027

  4. Ден 4 (вторник) ЛУКОВСКА БАЊА - СКОПЈЕ Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во претпладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

    19.01.2027

Цени

ПРОМО цена за резервација со уплата до 15.12.2026 - 249€/15.438ден
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ - 269€/16.678ден
Цени по лице за најмалку 2 лица во соба
Цени изразени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден

Сместување

Услови

Во цената на аранжманот е вклучено: 
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во двокреветни и трокреветни соби во Хотел Копаоник 3* на база 3 ноќевања (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса)
- Исхрана на база полн пансион појадок, ручек и вечера (со класично послужување)
- Користење на надворешен и внатрешен базен со термална вода со температура од 33-35⁰C 
- Користење на новиот Велнес Центар (сауна, парна бања, солена соба, тепидариум, џакузи)
- Користење на сала за забава и рекреација
- Туристичка такса
- Организација и реализација со туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко и здравствено осигурување;
- Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги). 

Попусти и опционални доплати:
- Дете 2-5год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање) 
- Дете 5-10год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет 50% попуст на цената на аранжманот (на барање)
- Доплата за еднокреветна соба 45€/2.790ден (на барање) 
- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус - 10€/620ден (мин. 2 седишта)
-Доплата за Трансфер Кавадарци-Скопје -Кавадарци 20€  (на барање) 

Важни напомени:
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта. 
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.  
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање. 
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд. 
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите. 
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. 
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба. 
- За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и Супер Травел.