Во срцето на Неа Рода, на само 70 метри од градската плажа, ве очекува M&B Boutique – модерно и елегантно сместување создадено за гости кои сакаат удобност, приватност и квалитетен одмор.Вилата има одлична местоположба која овозможува лесен пристап до плажата, локалните ресторани, кафулиња, продавници и крајбрежното шеталиште.Вилата располага со четворокреветни студија и четворокреветни апартмани, модерно уредени и опремени со нов внимателно одбран инвентар. Чистењето на собите,менување на постелнина и пешкири е еднаш во текот на престојот односно секоја среда.
Опременост на сместувањето:
Четворокреветни студија и апартмани: Модерно и елегантно уреден ентериер, Опремена кујна со кујнски прибор, Апарат за кафе и нескафе, Тостер и електричен бокал за вода, Фрижидер, Клима-уред, вклучен во цената, Бања со средства за лична хигиена,пешкири и фен за коса, Тераса, Wifi, Паркинг. Напомена: Кујните не располагаат со шпорет.
Дополнителни погодности – вклучени во цената: за вашиот престој да биде уште попријатен, M&B Boutique овозможува неограничено користење на вода, кафе, двопек, путер, џем, мед и млеко за кафе.
1/4 студио - бр. 101 - се наоѓа на приземје. Студиото располага со голем брачен кревет,софа и фотеља на спуштање. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 1 дете до 12 години
1/4 студио - бр. 205 - се наоѓа на прв спрат. Студиото располага со голем брачен кревет, софа и фотеља на спуштање. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 1 дете до 12 години
1/4 студио - бр. 305 - се наоѓа на втор спрат со поглед на море. Студиото располага со голем брачен кревет,софа и фотеља на спуштање. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 1 дете до 12 години
1/4 апартман - бр. 204 - се наоѓа на прв спрат. Апартманот располага со две големи простории. Во првата просторија има голем брачен кревет, во втората просторија има два големи единечни споени кревети, кујна, тоалет и балкон кој излегува од двете простории.Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 2 деца до 12 г.
1/4апартман - бр. 304 - се наоѓа на втор спрат. Апартманот располага со две големи простории. Во првата просторија има голем брачен кревет, во втората просторија има два големи единечни споени кревети, кујна, тоалет и балкон кој излегува од двете простории.Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 2 деца до 12 г.
Најубавите плажи во околината на Неа Рода:
Voulitsa Beach – скриен бисер во тиркизен залив,
Komitsa Beach – природна убавина и бескрајна сина широчина и е меѓу плажите наградени со престижното признание „Сино знаме“ за 2026 година,
Xiropotamos Beach – мир и релаксација со поглед кон Амолијани
Kakoudia Beach – егзотична убавина на Халкидики
Места кои вреди да се посетат:
Ouranoupolis – портата кон Света Гора
Ierissos – традиција, прекрасни плажи и медитерански дух
Ammouliani – мал остров со голема убавина