26.02–01.03.2027 Малта
4дена – 3 ноќи
1 ден 26.02.2027 СКОПЈЕ -МАЛТА
Тргнување на групата од Кавадарци во 09:00 часот организиран трансфер до аеродромот Состанок на групата na Скопскиот аеродром 11:00 часот. Полетување за Валета во13:10 ч. Пристигнување во 15:00 часот. Трансфер до хотелот .Сместување во хотел.Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
2 ден 27.02.2027 МДИНА И ВАЛЕТА
Појадок. Во пладневните часови факултативна посета на Мдина, стариот средновековен главен град на Малта (Тивкиот Град), Прошетка низ тесните поплочени улички и најважните места во градот . Во попладневните часови се упатуваме низ сликовитите улички на Валета се до Градините“Barracca”од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града: „Vittoriosa“, „Cospicua“ „Senglea .Враќање во хотел Ноќевање.
3 ден 28.02.2027 МАЛТА–ГОЗО
Појадок. После појадокот се упатуваме на факултативна целодневна посета на Гозо омиленото излетничко место на Малтежаните (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Пред пристигнување во пристаништето Cirkewa, можност за кратка посета на селото Попај ( Панорамски ). Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… Попладне враќање во хотел.. Ноќевање.
4 ден 01.03.2027 МАЛТА-МАРСАШЛОК- СКОПЈЕ
Појадок.Напуштање на хотелот во 09.00 часот и посета на Blue Groto и Марсашлок.Blue Groto го добива своето име во 1950 -тите , кога еден британски војник ја посетил областа и ја споредил со познатата Грота Азура на Капри, што во основа значи Сина Пештера поради нејзината неверојатна, јасна сина боја на морето.Овој комплекс се состои од импресивен главен лак, висок околу 30 метри, како и систем од 6 други пештери.Разгледот продолжува кон Марсашлок.Ако сакате да ја запознаете вистинската Малта ,вистинското нешто е рибарското село познато познато по својот пазар за риби и шарени бродови. Тоа е автентично градче со класичен малтешки плоштад, тесни улички и препознатлива архитектура.Трансфер до аеродром во 13.00 часот.Полетување во 15.35 часот.Пристигнување во 17.15 часот.