Вила Астерис се наоѓа на одлична локација во централниот дел на Торони, на околу 50 метри од плажата, во близина на таверни и маркет. Објектот нуди четирикреветни апартмани со одделна спална соба, сопствена кујна и голем балкон. Близината до плажата и содржините во местото овозможува практичен престој за семејства и гости кои сакаат сместување со сопствена кујна. Користењето на клима-уредот е вклучено во цената.
Локација
📍 Торони, Ситонија – втор крак на Халкидики, Грција
Плажа: околу 50 метри
Во близина на таверни и маркет.
Сместување и содржини
Вилата располага со два четирикреветни апартмани на првиот кат.
Секој апартман има:
- Одделна спална соба со двоен кревет;
- Простор со кујна и кревети на спрат за две лица;
- Кујна со фрижидер, мал шпорет со рерна и основен прибор за подготовка на лесни јадења;
- Сопствена бања со туш;
- Телевизор;
- Wi-Fi интернет;
- Клима-уред — вклучен во цената;
- Голем балкон;
- Постелнина и пешкири.
На приземјето се наоѓа објект за брза храна на сопствениците. Вилата нема сопствен паркинг. Паркирањето во околината е според расположливоста на слободните места.
Категорија во ценовникот
App One Bedroom – четирикреветен апартман со една одделна спална соба.
Услуга и хигиена
Сместувањето е на база наем на апартман, без оброци. Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 7 дена. Секојдневната хигиена во апартманот за време на престојот ја одржуваат гостите.