Паралија Неос Пантелеимонас припаѓа во јужниот дел на регионот Пиерија во подножјето на планината Олимп и е на 295 километри од Скопје, 36 километри од Катерини, а Платамонас е оддалечен само 5 километри. Ова место е најпознато по неодамнешните археолошки ископувања, при изградбата на железничкиот тунел под замокот, каде што се пронајдени делови од античкиот град Хераклија. Во текот на летната сезона, Паралија Пантелеимон станува многу популарна туристичка дестинација. Туристи од целата земја и странство ја избираат оваа дестинација за одмор. Главната причина е прекрасната песочна плажа со кристално чисто море долга преку 3 километри и која секоја година ја добива наградата сино знаме на ЕУ за чистотата и квалитетот на водата и капацитетите што ги нуди.
Вила Димитрис се наоѓа на само 120 метри од плажата. Располага со убаво уредени трикреветни и четирикреветни студија/апартмани. Сите студија/апартмани се опремени со бања, комплетно опремена кујна, ТВ, тераса. Користење на клима уредот, интернет (wi-fi) и сет пешкири (со депозит) по смена се вклучени во цената. Вилата се наоѓа во мирен дел опкружена со зеленило и со двор од преку 3.000м2, како и свој сопствен паркинг. Во градината има опрема за скара која е достапна за гостите, каде што има и трпезарија на отворено, летниковци и бесплатни лежалки во тревата. Вилата е многу години омилена дестинација во изборот на туристите кај нас. Туристичката такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 2 евра на ден по апартман.