Eвија, вториот по големина остров во Грција или трет на источниот Медитеран, се наоѓа на одалеченост од околу 490 км од Скопје. Богатата флора и фауна, поволните климатски услови, долгата сезона, мноштвото убави плажи и термални извори, ја чинат Евиа една од најпопуларните дестинации помеѓу домашното население. Главниот град на островото е Халкида, која во минатото била еден од најразвиените и највлијателните градови во Античка Грција. Ова острово е богато со археолошки наоѓалишта, манастири, традиционални села, како и повеќе хотелски комплекси. Со своите туристички содржини, нуди различни можности за богат одмор и забава. Најпопуларни туристички места на островото се градчињата Пефки, Лимни и Едипсос.
Пефки - најпознатото и најомилено одморалиште за нашите туристи на вториот по големина грчки остров Евиа, се наоѓа на околу 60 километри од Волос (околу 50 километри Волос-Глифа)-(мало пристаниште), фериботско возење (20-30 минути), околу 10 километри од Агиокампос (мало пристаниште на северот на Евиа - Пефки).
Од плажата во Пефки и од рестораните и кафулињата покрај брегот, има прекрасен поглед на островите Скијатос и Скопелос, како и влезот во заливот на Волос. Климата е исклучително пријатна, благодарение на комбинацијата на големи области борова шума и маслинови дрвја, кристално чисто море и исклучително поволна географска положба. Островот е познат по своите бесконечни песочни плажи, културни и историски места, манастири и недопрена природа што овозможуваат безброј можности за уживање и разгледување. Пефки има рибарско пристаниште и изобилува со пријатни ресторани, таверни, кафулиња, многу разни продавници, бутици, златарници, намирници и пазар на риби, каде што можете да купите свежа риба фатена од локалните рибари. Градот ги нуди сите можности за пријатен и убав одмор. Пефки е погоден за млади луѓе, но исто така е одлично место за семеен одмор со прекрасна широка плажа.
Вилите немаат сопствен паркинг. Може да паркирате во непосредна близина на објектите. Секоја вила има интернет. Агенцијата не сноси одговорност за брзината на интернетот, слабиот сигнал или технички проблеми и пречки кои може да се појават.
ВИЛА ФЕДРА – ПЕФКИ
На само 150м од плажа се наоѓа вила Федра која располага со 1/2 1/3 студија на високо приземје, прв и втор спрат. Секоја соба располага со мини кујна, сопствено купатило, клима (вклучена во цената), тв и тераса.