Вила Ланти се наоѓа во областа Сикија, на вториот крак на Халкидики – Ситонија, на околу 150 метри од плажата. Објектот нуди трикреветни студија и четирикреветни апартмани со сопствена кујна и балкон или тераса. Располага со градина, тераса за сончање и бесплатен приватен паркинг. Сместувањето е погодно за парови и семејства кои сакаат одмор во близина на плажата и можност за индивидуално запознавање со околните плажи на Ситонија.
Локација
📍 Сикија, Ситонија – втор крак на Халкидики, Грција
Плажа Сикија: околу 150 метри
Плажа Турколимнионас: околу 2 километри
Плажа Валти: околу 2,2 километри
Сместување и содржини
Вилата нуди:
- Трикреветни студија;
- Четирикреветни апартмани.
Сместувачките единици располагаат со:
- Сопствена бања со туш;
- Кујна со фрижидер и основен прибор за подготовка на лесни јадења;
- Телевизор;
- Wi-Fi интернет;
- Клима-уред, со дополнителна доплата;
- Балкон или тераса;
- Постелнина и пешкири.
Содржини на објектот
- Градина;
- Тераса за сончање;
- Бесплатен приватен паркинг.
Категории на сместување
- Трикреветно студио – со капацитет до три лица;
- Четирикреветен апартман – со капацитет до четири лица.
Услуга и хигиена
Сместувањето е на база наем на студио или апартман, без оброци. Постелнината и пешкирите се обезбедени и се менуваат според организацијата на објектот. Секојдневната хигиена во сместувачката единица за време на престојот ја одржуваат гостите.