Аспровалта се наоѓа во залвот Strimonikos, карактеристична е по долгата песочна плажа,убавото море,многубројните таверни,ресторани и забавни паркови за најмалите.Мирниот одмор и долгите прошетки до Неа Врасна или Ставрос се главна карактеристика на ова место за луѓе кои ја сакаат прошетката со долги разговори.На оддалеченост од 60 км од Солун, Аспровалта е дестинација за фамилијарен опуштен одмор,каде на само неколку стотици метри имате Lidl I Masoutis.
Вила Леона се наоѓа на 70 метри од прекрасната песочна плажа во Аспровалта. Вилата има еден дуплекс апартман, едно двокреветно и едно трокреветно студио. Секое студио е комплетно опремено со кујна , тоалет , балкон , климата е вклучена во цената.