Локација
📍 Неос Мармарас, Ситонија – втор крак на Халкидики, Грција
Морски брег: околу 50 метри;
Градска плажа: околу 130 метри;
Центарот е на кратка пешачка оддалеченост;
Супермаркет во приземјето на објектот;
Пекара, таверни и кафулиња во близина.
Сместување и содржини
Вилата располага со 8 двокреветни студија, распоредени на првиот и вториот кат. Студијата се наменети за сместување на две лица и располагаат со брачен кревет. Во понудата се застапени стандардни двокреветни студија и двокреветни студија со поглед кон морето.
Студијата располагаат со:
Сопствена бања со туш и тоалет;
Мини-кујна со фрижидер, решо, аспиратор и основен прибор за подготовка на лесни јадења;
Телевизор;
Wi-Fi интернет;
Клима-уред, вклучен во цената;
Гардеробер;
Балкон или тераса;
Постелнина и пешкири.
Паркирање е можно на јавните улични места во околината, според расположливоста. Паркинг-место не се резервира и не се гарантира со резервацијата на студио.
Категории во ценовникот
STD 1/2 – двокреветно студио;
STD 1/2 SV – двокреветно студио со поглед кон морето.
Категоријата се избира при резервација, согласно ценовникот и расположливоста. Погледот кон морето е предвиден кај категоријата STD 1/2 SV.
Услуга и хигиена
Сместувањето е на база наем на студио, без оброци. Постелнината и пешкирите се обезбедени, а нивната замена се врши според организацијата на објектот. Секојдневната хигиена во студиото за време на престојот ја одржуваат гостите.
ПРОГРАМА НА ПРЕСТОЈОТ
1. ден | Пристигнување во Неос Мармарас
Пристигнување и сместување во Вила Магио по 15:00 часот по локално време. Слободно време за одмор, плажа и индивидуално запознавање со местото. Ноќевање.
За гостите кои користат организиран автобуски превоз, местото и времето на поаѓање ги соопштува агенцијата пред патувањето.
2.–7. ден | Престој во Неос Мармарас
Слободни денови за одмор, капење, прошетки и индивидуално запознавање со Неос Мармарас и околните плажи на Ситонија. Ноќевања во Вила Магио.
8. ден | Завршување на престојот
Напуштање на студијата до 10:00 часот по локално време. За гостите со организиран автобуски превоз, враќањето е во термин соопштен од агенцијата.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ
Сместувањето е по 15:00 часот, а напуштањето на студијата е до 10:00 часот, по локално време.
Кујните се опремени со основен прибор за подготовка на лесни јадења.
Фотографиите прикажуваат повеќе студија и служат за општ впечаток за објектот. Изгледот, распоредот, катот и погледот може да се разликуваат меѓу студијата.
При резервација се потврдува избраната категорија на сместување.
Квалитетот, брзината и стабилноста на интернет-сигналот зависат од давателот на услугата и локалните технички услови.
Паркинг-место не се резервира и не се гарантира со резервацијата на студио.
За евентуална штета причинета од гостите, сопственикот може да побара надомест.
Патниците самостојно го пренесуваат багажот од местото на запирање на автобусот до објектот.
Секој патник со организиран превоз има право на едно парче багаж до 20 кг и едно парче рачен багаж.
Агенцијата го задржува правото непродадените капацитети да ги понуди по Last Minute цени. Подоцнежното намалување на цената не претставува основа за враќање на разликата за претходно уплатени резервации.
За аранжманот важат Општите услови за патување и Правните напомени на Супер Травел.