Најсеверниот остров на грчкиот архипелаг. На оддалеченост од 400км. и 30 мин.возење со траект се пристигнува на островот Тасос.Зелен остров комбинација на море и планина со чисти песочни плажи и тиркизна сина боја на морето.Изобилува со борова шума и мирис на медовина,природни сенки и планински возвишенија.Ипсарион со 1.204мнв е планината која гордо извишена стои над плажата Скала Потамиа и Голден биџ.Во должина од 3км.се простира плажата на Скала Потамиа и Голден Бич споени во една плажа , означени со плаво знаменце за чистота и квалитет.Кога сонцето ќе го достигне зенитот на својот одсјај , плажата асоцира на злато.
Вила “ОЛГА и ХРИСТИНА“ лоцирана во Скала Потамиа на оддалеченост околу 30 тина метри од плажата Голден бич. Извонредна местоположба на вилата која излегува на една од најубавите плажи на островот.На само неколку метри од вилата има супермаркети,ресторани,таверни ..... Има обезбедено паркинг простор за гостите.

