Платамона е приморско место во подножјето на Олимп, каде што одморот на плажа лесно се комбинира со вечерни прошетки покрај морето.
Вила Вагиос Деспина се наоѓа во мирен дел на Платамона, во правец кон Неи Пори, на околу 100 метри од песочната плажа. Располага со апартмани 1/3 и 1/3+1 и со дуплекс апартман 1/5. Секој апартман има тераса, опремена кујна со голем фрижидер и шпорет со рерна, бања и телевизор. Користењето на клима-уредот се доплаќа.
Сместувачки единици
Бр. 5 – 1/3 апартман со една спална соба. Во спалната соба има еден француски кревет. Во одвоената кујна има кауч на спуштање, погоден за едно возрасно лице или две мали деца. Апартманот има и машина за перење.
Бр. 7 – 1/4 апартман со една спална соба. Во спалната соба има еден брачен и еден единечен кревет. Во одвоената кујна има кауч на спуштање, погоден за едно возрасно лице или две мали деца.
Бр. 8 – 1/5 дуплекс апартман со две спални соби. Се наоѓа на првиот кат. Во едната спална соба има еден брачен и еден единечен кревет, а во другата два единечни кревета. Апартманот има одвоена кујна, бања и многу пространа тераса.