Во мирен дел на Јерисос, на само 50 метри од прекрасната градска плажа, се наоѓа вила M&B Suites, идеално место за гостите кои бараат удобност, приватност и квалитетно сместување во близина на морето.Вилата располага со модерно уредени четирикреветни и трикреветни студија со елегантен ентериер, што ги прави одличен избор за парови, семејства со деца и помали групи пријатели.Секое студио е внимателно уредено и опремено со нов, современ инвентар чија функционалност и одлична местоположба создаваат вистинско чувство на домашна удобност, со цел да се обезбеди пријатен и безгрижен престој.Чистењето на собите,менување на постелнина и пешкири е еднаш во текот на престојот односно секоја среда.
Опременост на студијата: Четирикреветни и трикреветни студија, Модерен и елегантно уреден ентериер, Комплетно опремена кујна, Фрижидер, Клима-уред, вклучен во цената, Сопствена бања,пешкири и фен за коса, Тераса, Wifi, Сопствен паркинг
Студио бр.1 - располага со голем брачен кревет и софа која не се спушта Во ова студио може да се сместат максимум 2 возрасни лица и 2 деца до 10 години или 3 возрасни лица. (Purple color/front)
Студио бр.2 - располага со голем брачен кревет и дупла софа. Во ова студио може да се сместат максимум 4 возрасни лица. (Dark green color/front)
Студио бр.3 - располага со голем брачен кревет и дупла софа. Во ова студио може да се сместат максимум 4 возрасни лица. (Dark blue color/back)
Студио бр.4 - располага со голем брачен кревет и дупла софа. Во ова студио може да се сместат максимум 4 возрасни лица. (Turquoise color/back)
Најубавите плажи во околината на Јерисос:
Voulitsa Beach – скриен бисер во тиркизен залив,
Komitsa Beach – природна убавина и бескрајна сина широчина и е меѓу плажите наградени со престижното признание „Сино знаме“ за 2026 година,
Xiropotamos Beach – мир и релаксација со поглед кон Амолијани
Kakoudia Beach – егзотична убавина на Халкидики
Места кои вреди да се посетат:
Ouranoupolis – портата кон Света Гора
Nea Roda – медитерански шарм и прекрасни плажи
Ammouliani – мал остров со голема убавина