Вила Врахос Бич Апартментс се наоѓа во централниот дел, на 50 метри од плажа. Вилата располага со трикреветни апартмани, лоцирани на високо приземје, со комплетно опремена кујна, балкон, сопствен тоалет, WI-FI, ТВ, клима (се доплаќа 10 евра на ден), пешкири и постелнина се менува 1 до 2 пати во текот на престојот (зависно 7 или 9 ноќи).
VRACHOS BEACH APARTMENTS
50 метри од плажа
Фотографии
Цени
Цените со * се Пакет аранжмани - цена по лице со вклучен превоз.
Термин | Ноќи | 1/3 АПП |
29.05 | 7 | *149 € |
05.06 | 7 | *189 € |
12.06 | 7 | *239 € |
19.06 | 7 | 550 € |
26.06 | 9 | 690 € |
05.07 | 9 | 790 € |
14.07 | 9 | 890 € |
23.07 | 9 | 890 € |
01.08 | 9 | 890 € |
10.08 | 9 | 890 € |
19.08 | 9 | 790 € |
28.08 | 7 | 590 € |
04.09 | 7 | *199 € |
11.09 | 7 | *149 € |
Локација
Врахос
Услови
- Вонсезонски термини - пакет арамнжман (сместување со вклучен превоз по лице) 23.05. – 20.06. / 29.08. – 19.09.
Цените во табелата за вонсезонските термини се обележани со* и обоени во црвено.
Во пакет аранжманите важи следново: за престој во апартман/дуплекс се наплаќа за најмалку три лица (2пати по цената на пакетот +60евра). При престој на четири лица плаќа и четвртото лице (2пати по цената на пакетот +2пати по 60евра).
За патниците кои нема да користат организиран превоз, цената на пакет аранжманот не се намалува.
- Сезонски термини - наем на студиото или апартманот за 7 ноќевања.
Цена за превоз:
Превоз за возрасен 80€ / Еден правец 70€
деца до 12 години 70€
Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно
Датумот во табелата еден ден пред терминот на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време.
Скопје, улица Македонија - Хотел Бристол во 23.30 часот
Велес, бензинска станица, мотел Македонија во 00:30 часот
Неготино, бензинска станица "Макпетрол"во 01:00 часот
Смоквица, бензсика станица “Shell” во 01:30 часот
Гевгелија, бензинска станица, граничен премин во 02:00 часот
Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.
Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.
НАПОМЕНИ И УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА
ЦЕНИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
- Цените наведени во табелите се однесуваат на Пакет аранжман * и наем на студио / апартман за 7 ноќевања.
- Туристичката такса изнесува 2 € дневно по студио/апартман, не е вклучена во цената и се плаќа директно во објектот.
- Сите цени се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност, по фиксен курс од 1 € = 62,00 денари.
- Патничкото осигурување е задолжително и не е вклучено во цената на аранжманот.
ПОПУСТИ И СПЕЦИЈАЛНИ ПОНУДИ
- При резервација и уплата на два последователни термини, се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан исклучиво на редовната цена.
- Попустите не можат да се комбинираат. Попустот за рана резервација и попустот за два последователни термини меѓусебно се исклучуваат.
- На промотивните и специјалните цени не се одобруваат дополнителни попусти.
- Организаторот го задржува правото да понуди слободни капацитети по специјални Ultra First Minute или Last Minute цени, кои може да се разликуваат од редовно објавените.
- Патниците кои претходно резервирале и уплатиле аранжман по важечкиот ценовник немаат право на поврат на разликата во цената доколку дополнително биде објавена пониска промотивна понуда.
РЕЗЕРВАЦИИ И УСЛОВИ ЗА УПЛАТА
- Резервацијата се смета за потврдена исклучиво по извршена авансна уплата од 30% од вкупната вредност на аранжманот.
- Преостанатиот износ мора да биде целосно уплатен најдоцна 10 дена пред датумот на поаѓање.
- Усните и телефонските резервации без соодветна авансна уплата не се сметаат за валидни.
СМЕСТУВАЊЕ И КАПАЦИТЕТ
- Во студиото или апартманот е дозволено сместување согласно предвидениот број кревети и капацитетот на сместувачката единица.
- По претходно барање, дозволено е сместување на најмногу едно дете до 6 години над предвидениот капацитет, под услов детето да го дели креветот со двајца возрасни.
- Бројот и идентитетот на сместените лица мора да одговараат на податоците наведени во ваучерот издаден од организаторот.
ПРИЈАВУВАЊЕ И ОДЈАВУВАЊЕ
- Пријавување (Check-in): по 14:00 часот, по локално време.
- Одјавување (Check-out): најдоцна до 09:00 часот, по локално време.
ПРАВИЛА ЗА ПРЕСТОЈ
- Гостите се должни да го користат сместувањето одговорно и по завршувањето на престојот да го остават студиото или апартманот во чиста и уредна состојба.
- За секоја материјална штета предизвикана за време на престојот, одговорноста ја сноси гостинот, кој е должен да ја надомести штетата директно на сопственикот на објектот.
- Доколку користењето на клима-уред е вклучено во цената, гостите се должни да го исклучуваат при напуштање на сместувањето. Во случај на непочитување на ова правило, сопственикот го задржува правото да го ограничи или прекине користењето на оваа услуга.
- Организаторот не презема одговорност за брзината, стабилноста и квалитетот на интернет-конекцијата во сместувачкиот објект или дестинацијата.
ПАТНИ ДОКУМЕНТИ
- Секој патник е лично одговорен за валидноста, исправноста и навременото обезбедување на потребните патни документи.
- Невалидни, истечени или нецелосни патни документи не претставуваат основ за бесплатно откажување на аранжманот или промена на резервираниот термин.
ВАЖНО:
Со потврдување на резервацијата и уплата на авансот, патникот потврдува дека е запознаен со наведените услови за резервација, плаќање и престој.
При промена на резервација или отказ на резервација задолжителни се 620 денари манипулативни трошоци, покрај примената на Општите услови.
НАПОМЕНИ:
Ø ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ (7 или 9 ноќи) НА СТУДИО / АПАРТМАН, согласно бројот на кревети.
Ø Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со родител.
Ø Термините во табелата се денови на започнување на аражманот. Поаѓањето е на денот објавен во табелата, состанок на група во 01.00часот, поаѓање во 01.30часот на паркингот спроти х.Холидеј Ин. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минмум 24 часа пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.
Ø Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
Ø Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
Ø За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи на редовните цени.
Ø Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
Ø Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Ø Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
Ø Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот по локално време
Ø За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на Вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Ø Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставник на агенција или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио/апартман.
Ø Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, Т.А. НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
Ø Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. и на самата агенција и поради кои НЕ можаe да се откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.
Т.А. организира превоз со придружник на групата, до местото кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусите.