Истанбул
Од Златниот Рог до Босфор
✈️ АВИО ПРЕВОЗСкопје – Барселона – Скопје
🏨 ХОТЕЛHotel Best Auto Hogar 3★
🍳 УСЛУГА3 ноќевања со појадок
🚌 ТРАНСФЕРАеродром – хотел – аеродром
Барселона е еден од најживите и најпосетените градови во Шпанија, познат по својата уникатна архитектура, медитеранска атмосфера, плажи и одлична гастрономија.
Градот совршено ги спојува историјата, уметноста и модерниот начин на живот, што го прави една од најомилените европски туристички дестинации.
Во Барселона се наоѓаат ремек-делата на Antoni Gaudí, меѓу кои Sagrada Família, Park Güell и Casa Batlló.
Градот нуди и прекрасни плажи, познатото шеталиште La Rambla, одлична гастрономија и богат ноќен живот.
Барселона е идеална и за љубителите на спортот, како дом на легендарниот FC Barcelona и стадионот Spotify Camp Nou.
ДЕН1
| САБОТА
СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:35 часот.
Полетување за Барселона во 12:35 часот.
Пристигнување во Барселона во 15:30 часот.
По пристигнувањето следува организиран трансфер до хотелот и сместување.
Во попладневните часови препорачуваме индивидуална посета на Шпанскиот плоштад и Магичните фонтани.
Ноќевање.
ДЕН2
| НЕДЕЛА
БАРСЕЛОНА – ПЕШАЧКИ РАЗГЛЕД – PARK GÜELL
Појадок во хотел.
Предвидена е можност за организиран пешачки разглед низ Готскиот кварт – Barri Gòtic, историското срце на Барселона.
Квартот е познат по лавиринтот од тесни средновековни улици, римските остатоци и живописните плоштади.
Се наоѓа во областа Ciutat Vella, помеѓу La Rambla и Via Laietana.
За време на разгледот ќе имаме можност да видиме дел од најпознатите знаменитости:
Потоа со метро се упатуваме кон катедралата Sagrada Família, едно од најпрепознатливите дела на Антони Гауди.
Слободно време за фотографирање, кафе-пауза и ручек.
Во попладневните часови е предвидена можност за индивидуална посета на Park Güell.
Паркот е едно од најпознатите ремек-дела на Antoni Gaudí и место каде неговата идеја за единството на уметноста и природата доаѓа до полн израз.
Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
ДЕН3
| ПОНЕДЕЛНИК
ЦИТАДЕЛА – ШПАНСКО СЕЛО – ТИБИДАБО – ФЛАМЕНКО
Појадок во хотел.
Денешниот ден е предвиден за можност за факултативна посета на три од најпознатите паркови и атракции во Барселона.
Посетата започнува со Паркот Цитадела, еден од најпознатите зелени простори во градот.
Потоа се упатуваме кон Шпанското село, музеј на отворено создаден во првата половина на XX век.
Комплексот бил создаден како изложба чија цел била да ги прикаже основните архитектонски карактеристики и разновидноста на различните региони во Шпанија.
За крај се упатуваме кон Тибидабо, од каде се отвора еден од најубавите панорамски погледи кон Барселона.
По приближно 6-часовната обиколка следува слободно време за индивидуални активности.
Враќање во хотел со метро.
Во вечерните часови можност за организирана факултативна Фламенко вечер.
Ќе имате можност да уживате во автентично фламенко шоу и уникатната шпанска атмосфера.
Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
ДЕН4
| ВТОРНИК
БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ
Појадок во хотел.
Слободно време за индивидуални прошетки и последно уживање во Барселона.
Во договорено време следува организиран трансфер до аеродромот.
Полетување за Скопје во 16:00 часот.
Пристигнување во Скопје во 18:45 часот.
35 €
Организиран пешачки разглед низ историскиот дел на Барселона со локален водич.
Во рамките на разгледот се предвидуваат дел од најпознатите места во Готскиот кварт.
80 €
Факултативната посета опфаќа:
Во цената се вклучени:
28 €
Индивидуална посета на едно од најпознатите ремек-дела на Antoni Gaudí.
Во цената е вклучена влезницата.
55 €
Организирана вечер со автентично фламенко шоу.
Во цената е вклучен пијалок.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ДВЕ ФАКУЛТАТИВНИ ПОСЕТИ!
Поради потребата од навремено резервирање на трансфери и влезници за наведените факултативи, клиентите мора да се изјаснат за истите при резервација на патувањето.
Реализацијата на факултативите зависи од:
Не се гарантира влез доколку клиентот се одлучи за факултативна посета дури на лице место.
Реализацијата на основната програма не зависи од реализацијата на факултативните посети.
За патувањето е потребен важечки пасош со важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот.
30% од вкупниот износ на аранжманот.
Најдоцна 15 дена пред почетокот на патувањето.
Цените се изразени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс: 1 € = 62 денари.