Прескокни до содржината

ЗЛАТИБОР

ден

ГЕВГЕЛИЈА - ЗЛАТИБОР

Поаѓање во вешерните часови во 22/23 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

ден

ДРВЕН ГРАД - ЗЛАТИБОР

Пристигнување во утринските часови во посета на Дрвенград, едно од најпознатите етно села во Србија изградено од Емир Кустурица, за потребите на неговиот филм „Животот е чудо“. Дрвенград полека прераснува во еден мал град, кое е вистински музеј на отворено. Името го добил по дрвените куќарки кои се изградени од дрво, и чија архитектура ви дава чувство дека се наоѓате во некој град од бајка. Во селото имате куќарка на уметност, куќарка – слаткарница во која можете да уживате во домашно припремени слатка , кино сала, ресторан, црква... Дрвен град е домаќин на интернационалниот филмски фестивал кој се организира во селото секоја година. Идејата на Кустурица е враќање кон природата и зближување со неа и со традиционалните вредности кои полека се губат. Сместување во хотел.Слободно попладне.Нокевање.

ден

ЗЛАТИБОР

Појадок. Слободен ден за одмор и за релаксација во спа центарот на хотелот- затворен внатрешен базен , сауна, теретана или за прошетка низ Златибор. Индивидуална посета на ски центарот Торник, кој од Златибор е поврзан со Гондола – најмодерната и најдолга воздушна траса на Балканот – долга 9 км. Возењето во Гондолата ќе Ви пружи 25 минутно уживање со неверојатен поглед на живописните пејсажи на Златибор и Рибарското Езеро . Нокевање.

ден

ЗЛАТИБОР -ДРВЕНГРАД ( Етно Село на Емир Кустурица )

- ГЕВГЕЛИЈА

Појадок. Слободно време и напуштање на собите околу 11ч. Потоа заминување кон етно селото Сирогојно. Разгледување на единствениот Музеј под отворено небо каде има педесетина оригинални златиборски куќи-брвнари во кои се изложени околу 2000 експонати, како и Музејот на плетачките и продавниците за џемпери, по кои селото Сирогојно е познато во светот. Пауза за кафе и закуска во еден од рестораните во Сирогојно. Поагање за Гевгелија .Пристигнување на во раните утрински часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:7500 денари

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

➡️Превоз со туристички автобус

➡️Две ноќевања со појадок во хотел*** во Златибор

➡️Користење на спа центарот во хотелот

➡️Посета на етно селото Дрвенград

➡️Посета на Сирогојно

➡️Организација на аранжманот и лиценциран туристички придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

 Влезница за Музејот на отворено “ Старо село “ – Сирогојно – 2€.

 Влезница за Дрвен град – 3€

 Билет за Гондолата – 13€ ( факултативно )

 Туристичка такса – 1.50 € од ден, се плаќа во агенција