Прескокни до содржината
Промо

Истанбул

Од Златниот Рог до Босфор

  • Поаѓање чет., 22 окт. 2026
  • Враќање пон., 26 окт. 2026
  • Траење 5 дена
  • Превоз Автобус
  • Поаѓање од Скопје, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија
  • Минимум патници 40

Фотографии

Истанбул Истанбул Истанбул

Што ве очекува

  • Европскиот дел на Истанбул со локален водич
  • Пешачка тура до Капали чаршија и Хиподромот, кај Аја Софија и Сината џамија
  • Таксим, улицата Истиклал и шопинг во центарот ФОРУМ
  • Факултативно: крстарење по Босфор и азискиот дел
  • Факултативно: ноќно крстарење со традиционални турски танци
  • Две ноќевања со појадок во хотел 3*

Цената вклучува

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Две ноќевања со појадок во хотел 3* во Истанбул (областа Лалели или Аксарај)
  • Пешачки разглед со локален водич до Капали чаршија и Хиподромот, каде се Аја Софија и Сината џамија
  • Посета на шопинг центарот ФОРУМ
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на патувањето

Цената не вклучува

  • Задолжителен пакет Европски Истанбул: 25 евра
  • Крстарење по Босфор и азиски Истанбул: 60 евра
  • Ноќно крстарење по Босфор (факултативно): 50 евра
  • Туристичка такса за целиот престој: 5 евра по лице (задолжително), се плаќа во агенцијата
  • Трансфер од Битола, Прилеп и Штип: 10 евра во еден правец по лице, по договор со агенцијата
  • Здравствено патничко осигурување (задолжително), се плаќа посебно
  • Доплата за еднокреветна соба

Факултативно

СодржинаЦенаНапомена
Европски Истанбул (задолжителен пакет)25 евраПанорамски разглед на европскиот дел, Балат и Вселенската Патријаршија со локален водич, и плоштадот Таксим. Пакетот е задолжителен.
Крстарење по Босфор и азиски Истанбул60 евраСо локален водич: крстарење по Босфор, панорамски разглед на азискиот дел, Бејлербеи, џамијата Чамлиџа и Кадиќој.
Ноќно крстарење по Босфор50 евраТри часа, со традиционални турски танци, три вида мени по избор, неограничени безалкохолни пијалоци и две чаши алкохолен пијалок по избор.
Трансфер од Битола, Прилеп и Штип10 евраЦената е за еден правец по лице, по договор со агенцијата.

Важни напомени

  • Патувањето е од туристички карактер, па задолжително треба да се избере најмалку еден од понудените пакети.
  • За реализација на аранжманот потребни се најмалку 40 патници.
  • Ако не се оствари минималниот број патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓањето.
  • Доплата за избор на седиште во двата правци: 15 евра.
  • Доплата за дополнително седиште: 100 евра.
  • Поради почитување на часовите предвидени во програмата, не постои можност за задржување на границата заради TAX FREE.
  • Организаторот го задржува правото да ги промени цените на факултативните излети ако се променат цените на влезниците на локалитетите.
  • Поради државни или верски празници некои локалитети, трговски центри, продавници, ресторани и музеи можеби нема да работат, па редоследот на содржините во програмата може да се смени.
  • Организаторот го задржува правото да ја измени програмата ако е потребно.
  • За патувањето важат општите услови за патување на Туристичка агенција Супер Травел и на СКТМ (Стопанска комора за туризам на Македонија).

Документи

Пасошот мора да важи најмалку 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот.

Начин на уплата

Плаќањето се врши во денари, по курс од 62 денари за 1 евро. При пријавувањето се уплаќа аванс од 30 проценти од вредноста на аранжманот, а остатокот најдоцна 15 дена пред патувањето, доколку програмата не наведува поинаку.

Програма

  1. Ден 1 Поаѓање за Истанбул

    22.10.2026

    Поаѓаме во пладневните часови од Скопје, Велес, Кавадарци, Неготино и Гевгелија. Патуваме преку Грција, со попатни паузи.

  2. Ден 2 Европскиот дел на Истанбул

    23.10.2026

    Пристигнуваме во Истанбул. Со локален водич го започнуваме задолжителниот разглед на европскиот дел: панорамски поглед на Аксарај и Лалели, џамијата Сулејмание, Египетскиот пазар, мостот Галата и заливот Златниот Рог. Продолжуваме до Балат, христијанската населба позната по шарените куќи, каде се Вселенската Патријаршија и Железната црква, изградена од македонски мајстори. По сместувањето во хотелот следува пешачка тура со локален водич до Капали чаршија и Хиподромот, каде се Аја Софија и Сината џамија. Потоа имате слободно време за индивидуален разглед.

  3. Ден 3 Босфор и азискиот дел

    24.10.2026

    По појадокот е предвидено факултативно крстарење по Босфор и разглед на азискиот дел на Истанбул. Крстарењето минува покрај палатата Долмабахче и џамијата Ортакој, а на азиската страна ги посетуваме Бејлербеи, џамијата Чамлиџа и населбата Кадиќој. Потоа се враќаме во хотелот и имате слободни активности. Навечер можете да изберете и ноќно крстарење по Босфор од три часа, со традиционални турски танци.

  4. Ден 4 Таксим, шопинг и враќање

    25.10.2026

    По појадокот се одјавуваме од хотелот и тргнуваме кон Таксим, покрај Галата Кула и улицата Истиклал со нејзините бутици, ресторани и кафетерии, по која оди познатиот црвен трамвај. На плоштадот Таксим имате слободно време за индивидуални активности. Во договорено време групата оди во шопинг центарот ФОРУМ, каде има слободно време за шопинг и ручек. Попладнето заминуваме за Македонија, со ноќно возење и попатни паузи.

  5. Ден 5 Пристигнување во Македонија

    26.10.2026

    Во утринските часови пристигнуваме во Македонија. Ви благодариме што патувавте со нас.