Прескокни до содржината

Милано ( Лугано - Комо - Сирмионе) - 2НП

Фотографии

Милано ( Лугано - Комо - Сирмионе) - 2НП Милано ( Лугано - Комо - Сирмионе) - 2НП Милано ( Лугано - Комо - Сирмионе) - 2НП

МИЛАНО-ЛУГАНО-КОМО-СИРМИОНЕ

Во предновогодишниот период, Милано се претвора во вистинска зимска бајка! Улиците и плоштадите блескаат во празнични светилки, излозите се украсени во божиќен дух, а градот е исполнет со мирис на празнични специјалитети и топла атмосфера.

Посетете ги познатите божиќни маркети, уживајте во празничните штандови со ракотворби, слатки и традиционални италијански деликатеси, а воедно откријте ги најубавите знаменитости на Милано – величествениот Дуомо, елегантната Галерија Виторио Емануеле II и шармантните улици на центарот.

Милано во Декември е совршена комбинација од италијанска елеганција, шопинг, култура и божиќна атмосфера – доживување кое вреди да се почувствува!

Програма

1

1 ден петок () - СКОПЈЕ-МИЛАНО

    Состанок на групата на Дрводекор во 11:30,
    поаѓање за Италија во 12:00 часот. Денско и ноќно патување преку Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.

2

2 ден сабота () МИЛАНО

    Пристигнување во Милано во утринските часови. Следува факултативен разглед на Милано со лиценциран водич: SforcescoCаstle, Piаzza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот Дуомо – катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. По разгледот, сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

3

3 ден недела () МИЛАНО-ЛУГАНО-КОМО-МИЛАНО

    Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на Милано или факултативен излет до Швајцарија. Време предвидено за посета на Лугано – градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на Алпите, познат како швајцарското Монте Карло. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza dellaReforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија. Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Посета на Комо, посетана мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата Бролето, ѕидините кои го обиколуваат скоро целиот град. Дококу дозволат временските услови, можност за факултативно крстарење со брод по езерото и да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Мадона, Макартни итн. Во договорено време враќање во Милано. Слободно индивидуално време. Ноќевање.

4

4 ден понеделник ()

    Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање према градот Сирмионе (задолжителна екскурзија). Живописниот град Сирмионе, кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото, Лаго ди Гарда, познат по старата тврдина Сцалигера, тесните улици, преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина. По посетата на Сирмионе, се упатуваме кон шопинг центарот Palmanova Outlet Village. Слободно време за шопинг. Во договорено време поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Словенија, Хрватска, Србија… Пристигнување во Скопје во претпладневните часови на – вторник.

ПРОМО ЦЕНА: 175 ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТ ЕКСКУРЗИИ ОД 80 ЕВРА ПО ЛИЦЕ! (во пакетот вклучени се сите екскурзии, освен крстарењето по Езерото Комо која се доплаќа на лице место по пристигнувањето во Комо)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 ЕВРА

Воценатанааранжманот е вклучено:

  • Превознанаведенатарелација
  • 2 ноќевањасопојадоквохотел 3* во околината на Милано
  • Бесплатентрансферод: Битола, Прилеп, ЦрнаРека (Сирково) и Велес
  • Организацијанааранжманот и туристичкипридружниквотекотнацелотопатување.

Воценатанааранжманотне е вклучено:

  • РазгледнаМиланосоводич (15€)
  • ПосетанаЛугано и Комо (50€)
  • Посета на Сирмионе (15€) – ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЕКСКУРЗИЈА за тие кои одат по редовна цена
  • КрстарењепоезеротоКомо – оваа екскурзија не е вклучена во пакетот и истата се плаќа директно при пристигнувањето во Комо, истото се договара на лице место со локалните
  • Задолжителнадоплатазатуристичкатакса 5€ полицепоноќевање
  • Патничкоосигурување

Пакетот екскурзии од 80 евра вклучува: разглед на Милано со водич, посета на Лугано и Комо и посета на Сирмионе

* Екскурзијата крстарење по езерото Комо не е вклучена во пакетот и истата се плаќа директно при пристигнувањето во Комо
* Екскурзијата посета на Сирмионе е ЗАДОЛЖИТЕЛНА за посета за сите патници присутни во групата

НАПОМЕНИ:

  • За single соба се доплаќа дополнителни 60 евра
  • Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
  • Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
  • Во случај на двајца возрасни и две деца до 11,99г, децата добиваат 15 евра попуст на аранжманот а се сместуваат во две двокреветни соби или четворокреветна доколку хотелот располага со таква
  • Деца до 11,99 евра добиваат 20% попуст на екскурзиите
  • За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
  • За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето
  • Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 20 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Супер Травел

ВНИМАНИЕ!

Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата. Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот за услуги.


Милано ( Лугано - Комо - Сирмионе) - 2НП

Северниот Бисер”на Италија како го нарекуваат Милано, со бурна историја и стари градби, денеска е центар на Светската Мода. Се е предодредено на Модата , од Архитектурата до спомениците и начинот на живот. Тука ќе уживате во ремек делото на Готиката во ликот на најголемата Готска Катедрала во Светот, најпознатата Оперска куќа во светот – La Scala, Пасажот на Виктор Емануел со бројни брендирани бутици. А вечерите поминете ги во Опера, Театар или во многубројните клубови.

Термин 04 Декември

1 ден 04.12.2026 СКОПЈЕ

Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 10:00 часот.Поаѓање за Верона во 10:30 часот Се патува преку граничниот премин Tабановце.Патување преку Србија,Хрватска,Словенија со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

2 ден 05.12.2026 МИЛАНО

Планирано пристигнување во Милано во предпладневните часови. По пристигнувањето , препорачуваме разглед на градот со локален водич: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланска опера една од најпознатите оперски куќи во светот... Слободно време за индивидуални прошетки... Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 06.12.2026МИЛАНО- ЛУГАНО(ШВАЈЦАРИЈА)-КОМО

Појадок. Предлагаме целодневна посета на Лугано(Швајцарското Монте Карло) и Комо. Разглед на Лугано: катедралата San Lorenzo, црквата Santa Marina di Angelo, стариот град со пркрасните плоштади, казиното, најубавиот парк во Швајцарија “Parco Civico”. Слободно време за прошетки. Потоа го посетуваме градчето Комо кое се наоѓа на брегот на езерото Лаго ди Комо (Италија). Тука Холивудскиот џет-сет има свои вили ( Villa Oleandra на Џорџ Клуни) , вилите на Стинг, Ричард Брансон . Тука е сниман и филмот “Casino Royale” - Џемс Бонд, “Ocean’s Twelve… Слободно време за прошетки. Излет со многу впечатоци. Враќање во Милано во вечерните часови. Ноќевање.

4 ден 07.12.2026МИЛАНО –СИРМИОНЕ- СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот одјавување од хотел. Во договор со водичот патувањето продолжува кон Сирмионе - езеро Гарда, познат по своите термални извори и прекрасна средновековна архитектура. Слободно време за индивидуални прошетки. Патувањето кон Скопје продолжува преку Словенија,Хрватска,Србија со попатни паузи. Ноќно возење.

5 ден 08.12.2026СКОПЈЕ

Планирано пристигнување во Скопје на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во пладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 31. Август: 239 евра / 14.820 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 259 евра / 16.060 денари

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје-Милано -Скопје
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Милано
  • Организација и водство на програмата
  • Лиценциран туристички придружник

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување
  • Разглед на Милано 20€
  • Факултативен излет за Лугано и Комо 60€
  • Задолжителна посета на Сирмионе 20€( се плаќа во агенција)
  • Пакет излети 90€
  • Туристичка такса Милано 5€ по лице по ноќ (се плаќа во агенција)
  • Доплата за еднокреветна соба – 4.650 ден
  • Доплата за избор на седиште 20€
  • Доплата за дополнително седиште 150€

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Пасошот треба да има важност мин. 3 месеци од денот на враќање.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа), четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на СУПЕР ТРАВЕЛ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.