Прескокни до содржината

Острошки манастир 30.10.2026

Фотографии

Острошки манастир 30.10.2026 Острошки манастир 30.10.2026 Острошки манастир 30.10.2026

Велес-СКОПЈЕ-Будва-Острошки манастир-СКОПЈЕ-Велес

2000 денари По лице

Датум на поаѓање

Програма

Прв ден: Велес-Скопје-БудваСостанок на групата во Велес пред агенцијата во 22.00 часот. Поаѓање за Црна Гора.
Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

Втор ден: Будва - Острошки манастирПристигнување во Црна Гора во утринските часови. По пристигнувањето во Будва слободно време за прошетка.Собир на групата во 13:00 часот на договореното место. Заминување кон Острошкиот манастир. Православниот манастир Острог спаѓа меѓу најпосетените светилишта на Балканот. Кога ќе се спомене Острог, веднаш се помислува на место на кое се случуваат чуда. Во него доаѓаат посетители од сите религии и нации, бидејќи се верува дека моштите на Свети Василие Острошки се чудотворни. Манастирот Острог, кој е врежан во карпите, основан е од митрополитот Василије во XVII век. Највпечатлив дел од манастирот е Горен Острог, каде се сместени две мали цркви: горна – посветена на Светиот Крст, и втората, посветена на Воведение на Богородица. Разглед на манастирот и моштите на Св.Василие Острошки. Спиење на отворено(или во конаците со доплата на лице место доколку има слободно).

Трет ден: Острошки манастир - ВелесУтрото пожелно е присуство на Литургијата во Горниот манастир, која вообичаено се одржува од 06:00 до 07:30. Во Долниот Манастир литургијата започнува во 08:00 ч. Средба на целата група во 09:00 на паркинг кај автобусот. Заминување кон Македонија со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Велес во вечерните часови.

Во цената е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација;
  • Посета на Будва
  • Посета на Острошки манастир;
  • Трансфер од Штип, Неготино, Кавадарци
  • Организација, реализација и придружник на патувањето.

Во цената не е вклучено:

  • Превоз од Долниот до Горниот манастир Острог-повратна 2€ (доплата на лице место);
  • Туристичка такса 2 евро (доплата на лице место);
  • Задолжително патничко и здравствено осигурување.
Дополнителни информации:
  • Потребно е да се понесе храна за време на патувањето
  • Во манастирот се влегува пристојно облечен; мажите во долги панталони, блузи или кошули со ракави, а жените треба да бидат облечени во здолниште со пристојни блузи со ракави.
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. СУПЕР ТРАВЕЛ