Прескокни до содржината

Хотел Камелија 2*

На сама плажа

Тиват

Фотографии

Хотел Камелија 2* Хотел Камелија 2* Хотел Камелија 2* Хотел Камелија 2* Хотел Камелија 2* Хотел Камелија 2* Хотел Камелија 2* Хотел Камелија 2* Хотел Камелија 2*

Веќе трето лето ја имаме Тиват во наша организација и имавме само пофалби и задоволни патници.

 Ако сте турист што сака времето да го помине што е можно повеќе надвор од сместувањето и сместувањето да го користи БУКВАЛНО за да преноќи и туширање тогаш сте на право место.

Доколку сте личност што сака да истражува, да посетува различни места, градови, плажи, да оди на крстарење на овој активен одмор нема време кога да ви биде здодевно, бидејќи агендата е целосно пополнета, а за 8 дена тоа што ќе го видите и истражите е повеќе од доволно. Нашите понуди се со 7 ноќевања на база појадок и вечера, а хотелот е со базен и на сама плажа. Скролајте надолу да прочитате повеќе за програмата и сместувањето.

Хотел Камелија со 2* се наоѓа на сама плажа, на 20 минути пешачење до Порто Монтенегро и 30 минути до шеталиштето во Тиват.

Објектот нуди сместување со градина, бесплатен приватен паркинг,ресторан, 2 базени со лежалки, бар кој е наменет за гостите и приватна плажа со сопствени лежалки (со доплата а цената на лежалките ќе ја објавиме во месец мај). Хотелот располага со ресторан со 500 седишта, отворен бар на тераса, отворен базен за деца и возрасни, игралишта за кошарка, тенис и одбојка.

Во однос на собите за две лица кои се со брачен или два единечни кревети а поголем дел од собите кои што се со два единечни кревети немат можност креветите да се спојат еден до друг. Собите се со сопствен тоалет, клима уред и фрижидер. Во собите нема мини кујна.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

ПРВ ДЕН

Влезот во собите е по 14:00ч.Сместување и одмор на локалната плажа. Вечера и запознавање на групата заедничка дружба во дворот на хотелот. Ноќевање.

OД ВТОР ДО ПОСЛЕДЕН ДЕН СЕ ОРГАНИЗИРААТ ЕКСКУРЗИИ

Плажата Плави Хоризонти.

Целодневна екскурзија на плажа Плави Хоризонти (Plavi Horizonti)

Плажата Плави Хоризонти, која се наоѓа на полуостровот Луштица e 300 метри покриена со извонреден златен песок и сместена среде живописната борова шума со маслинови дрвја.

Плажата нуди низа рекреативни активности, вклучувајќи одбојка на плажа, тенис и кошарка. Дополнително, на лице место има ресторан кој нуди врвна услуга. Оваа плажа е со плаво знаме.

Разглед на Котор и крстарење по Бока Которска, островот Gospla od Skrpjela и Пераст

Појадок и после појадокот одиме на целодневна екскурзија. Разглед на Котор со водич и крстарење по Бока Которска, островот Gospa od Skprelja и Пераст.

Котор е лавиринт од средновековни цркви, катедрали, венецијански палати и столбови. Со Котор владееле Илирите, Римјаните, Византијците, Австро-Унгарците и Венецијанците. Овие освојувачи оставиле многу богатства зад себе, како што се ренесансните палати, барокните кули и нејзиниот најмонументален тестамент, катедралата Св. Трипун, кој е повеќе од три века постар од откривањето на Америка. Изобилството на културно-уметнички споменици е причина зошто Котор е на листата на заштитено културно наследство на УНЕСКО. Во Котор можете да го видите поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола. По разгледот следува крстарење.

Ова крстарење е доста атрактивно, а првото место што ќе го посетиме е островот GOSPA OD SKRPELJA. Што е специфично за овој остров? Госпа од Шкрпјела е вештачки остров изграден на крајот на 15 век каде, барем според традицијата, браќата Моршиќи на 22 јули пронашле икона на Пресвета Богородица на карпа во заливот Рисан Перастчани решиле на тоа место да изградат Римокатоличка црква, храм на Богородица. Околу карпата биле фрлани камења и била изградена мала капел.а Секоја година на зајдисонце на 22 јули, се случува настан наречен фашинада на локалниот дијалект, кога локалните жители ги земаат своите чамци и фрлаат камења во морето, проширувајќи ја површината на островот. 

По ,,Gospa od Skrpelja’’, поминуваме низ најтесниот дел на заливот, Вериге, каде што непријателските бродови застанувале со синџири и го продолжуваа нашето патување по заливите Тиват и Херцег Нови. Оваа турнеја ќе ве однесе и до озлогласениот остров Мамула, поранешен затвор. Потоа следи кратка посета на старите подморнички бази. На крајот од патувањето се посетува Сината пештера како место за уживање и релаксација. Ова место, достапно само со брод, е познато по кристално чистата сина вода што ја опфаќа пештерата. Крстарењето трае околу 3 часа.

Посета на плажата ,,Jaz”

Оваа плажа е живописен дел од крајбрежјето во Црна Гора што се протега приближно 1,5 км и е поделено на три различни делови. Првиот, Jaz I , најблиску до Будва, е украсен со големи камења и камчиња, создавајќи уникатен пејзаж кој ги привлекува оние кои ја ценат природната убавина. Продолжувајќи понатаму, Jaz II може да се пофали со мешавина од мали камчиња и песок, што нуди различна текстура под нозете. Најзатскриениот дел, сместен надвор од разбрануваната река што го следи работ на плажата, има брег прекриен со фин, златен песок. На оваа плажа се организирале многу концерти како на Мадона, Дино Мерлин, Ролингстонс.  Ден за одмор, уживање и водени лудории.

Посета на Дубровник и разглед на градот со локален водич

Појадок и потоа се упатуваме на целодневна екскурзија во Дубровник кој преставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавот Јадранско море… Слободно време за капење или истражување на градот. Враќање во хотел. Вечера, слободно време за одмор. Ноќевање.

Посета на плажата Плоче

Полудневна екскурзија до плажата ,,Плоче’’ која се наоѓа на брегот на Јадранското Море, во непосредна близина на Будва. Плажата има површина од 10.000 м2. За љубителите на убавото време има и коктел бар каде секојдневно се одржуваат настапи на различни диџеи а овде се одржуваат најдобрите журки во Будва.

Вечерна посета на Будва

ДЕН 8

Напуштање на собите и слободно време до договорениот термин за тргнување назад. Собите се напуштаат во 09:00ч. Поаѓањето за Македонија е во 14:00ч. Пристигнување во вечерните часови

ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ:

-Посета на плажата ,,Plavi Horizonti’’- 20 евра

-Посета на плажата ,,Jaz’’- 25 евра

-Посета на Дубровник и разглед на градот со локлаен водич- 40 евра

-Вечерна посета на Будва- 15 eвра

-Посета на плажата Плоче- 20 евра

-Разглед на Котор со водич и крстарење по Бока Которска, островот Gospa od Skprelja и Пераст- 45 евра

ЈАДРАН ПАКЕТ- 90 евра (5 екскурзии)- заштеда 30 евра

-Посета на плажата плави хоризонти

-Посета на плажата ,,Jazz"

-Посета на Дубровник и разглед на градот со локлаен водич

-Вечерна посета на Будва

-Посета на плажата Плоче

Цени

ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 30.11.2026 – 60 евра BLACK  ПОПУСТ ПО ЛИЦЕ (СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА  УПЛАТА ОД 50% ОД ВКУПНАТА СУМА, А ОСТАТОКОТ ГО ДОПЛАЌАТЕ НАЈДОЦНА ДО 7 ДЕНА ПРЕД ТРГНУВАЊЕ)

Термини

1/2 соба со брачен кревет

1/ 2 и 1 /3   соба со единечни кревети

06.07.13.07.2027

439€379€

409€349€

13.07-20.07.2027

459€399€

429€369€

20.07-27.07.2027

479€419€

449€389€

27.07-03.08.2027

479€419€

449€389€

03.08-10.08.2027

479€419€

449€389€

10.08-17.08.2027

459€399€

429€369€

17.08-24.08.2027

439€379€

409€349€

24.08-31.08.2027

429€369€

399€339€

Локација

Тиват

Услови

Поаѓањето е во утринските часови oколу 01:00ч на денот на започнување на одморот. Цените се изразени од лице со вклуен превоз, 7 ноќевања на база појадок и вечера

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Автобуски превоз
    *Имаме организиран превоз од: Кочани, Штип, Велес (доколку има патници) и Скопје
  • Сместување во Хотел Камелија 2* на база  7 ноќевања со појадок и вечера
  • Користење на клима
  • Лежалки на базен (ограничен е бројот на лежалки и агенцијата не гарантира за слободни места во секој момент)
  • Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престој

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Факултативни излети
  • Туристичка такса 10, 5 евра за целиот престој од лице (се плаќа во агенција)
  • Патничко осигурување

*Попусти за деца:

-Дете од 3 до 11.99 години -плаќа 299 евра на редовно легло.

НАПОМЕНА

1.       ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

2.       Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 

3.       Датумот во табелата е термин на започнување на аранжманот, тргнувањето е еден ден порано,состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.

4.       Патникот е должен минмум 48 часа (два дена) пред секое поаѓање  да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

5.       За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

6.       Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

7.       Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

8.       Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

9.       Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

10.   За резервации направени во периодот на рани резервации со промотивен попуст, уплатените средства(50% од сумата)  не подлежат на поврат во случај на откажување од страна на патникот, согласно условите за патување.

11.   Во соба дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

12.   Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

13.   Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

14.   По завршување на вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

15.   Во цената на аранжманот каде што е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

16.   Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

17.   Фотографиите објавени на веб страницата на туристичка агенција се од информативен карактер. Организаторот не гарантира идентичност на секој визуелен детал, освен кога конкретна карактеристика е изречно наведена како договорен елемент на услугата.

18.   Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

19.   За ова патување важат Општите услови за патување на Т.А Супер Травел.