Хотел Пантеон
на сама плажа
Олимпик Бич
Фотографии
Хотел "PANTHEON" - Олимпик Бич
Бесплатно сместување за 3-то и 4-то лице во студио
Хотел “Pantheon” е лоциран на сама плажа во Олимпик Бич. Стилно опремените студија со директен поглед на море/плажа и новиот ентериер им нудат пријатен, релаксирачки одмор на гостите. Хотелот располага со следната структура: 1/3 и 1/4 студија со редовни легла. Секое студио е комплетно опремено со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, големо огледало, туш, фен за коса, балкон (масичка со столчиња) со директен поглед на море/плажа, клима, ТВ - LCD, гардеробер (закачалки и сушара). На располагање е бесплатен
интернет во студијата, на рецепција како и на лежалките на плажа. Во склоп на хотелот се наоѓа елитен стилски дизајниран ресторан “Remezzo” со првокласни специјалитети на храна и пијалоци како и бесплатни лежалки на сама плажа со порачување на пијалок. Без оглед на ресторанот, хотелот и во вечерните часови на гостите им нуди пријатен престој. Хотелот располага со ЛИФТ. Студијата кој се се на III кат. Ви посакуваме пријатен престој.
GPS Coordinates: 40.238531, 22.587753
Цени
BLACK FRIDAY - ПОПУСТ - ЛЕТО 2027
10% попуст на термини СО превоз
20% попуст на термини БЕЗ превоз
50% уплата веднаш | 50% доплата до 01 март 2027

Локација
Олимпик Бич
Услови
- Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
- - Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
- - Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- - При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- - Студијата со поглед море имаат директен поглед на море/плажа, внатре од студијата и од балконот;
- - Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
- - Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни - БЕСПЛАТНО;
- - Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
- - Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
- - Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
- - Автобусот ги остава/зема патниците на околу 200m од хотелот на автобуската постројка до плажата.
- - Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТЕН!!
- - Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- - За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- - За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- - Доплата за туристичка такса 2€ од соба од ноќ (се плаќа во агенција при резервација);
- - Доплата за клима - 7€ од ден (на рецепција);
- - Доплата за превоз: 60€ за возрасни (повратен билет), 50€ (еден правец) / 50€ за деца до 12 год. (повратен билет), 40€ (еден правец). Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
- - Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.

За овој аранжман важат општите услови на Т.А.Супер Травел