Истанбул
Од Златниот Рог до Босфор
Јануари (Водици)
ЈОРДАН –древназемјасопосебеншарм и неверојатнаисторија. Наовапатувањеќеоткриемевпечатливиримскилокалитети, средновековнитврдини и древниградови, ќејапочувствувамеживатаатмосферанаАман, контрастотсомиротнаМртвотоМоре и магијатанапустинскитепејзажинаВадиРум. Патувањеисполнетосоисторија, култура и незаборавнидоживувања.
ПЕТРА – еденоднајвпечатливитебисеринаЈордан и древенградкојоставатрагауштеодпрвиотчекор. Ќепоминеменизтесниот Сик, а преднасќесепојавипрочуениотАлКазнеа – Трезорот. Ќепродолжимениздревниотградпокрајфасадите, кралскитегробници и театарот и ќејадоживеемемагијатанаградотиздлабенворозевитекарпи.
ВАДИ РУМ – „Долината на Месечината“, место каде огромните карпести формации и црвените пустински пејзажи создаваат чувство како да сте во друг свет. Ќе се возиме со 4x4 џипови низ пустината, ќе ја почувствуваме нејзината тишина и ќе поминеме ноќ во камп среде неверојатните пустински предели.
15.01.2027
Патувањето започнува со вечерно полетување од Скопје кон Истанбул со лет PC354 во 17:35 часот. Пристигнување во Истанбул во 21:00 часот и продолжување кон Аман со лет PC720 во 23:50 часот. Во Аман пристигнуваме во 02:25 часот на 16.01. По пасошката и царинската контрола, пречек од локалниот партнер и трансфер до хотелот. Влез во соба одма по пристигнување во хотел. Ноќевање.
16.01.2027
По Појадокот се упатуваме кон градот Ајлун, каде што се издигнува импресивниот средновековен замок Ал-Рабид изграден во XII век по наредба на еден од војсководците на Саладин. Сместен на рид со прекрасен поглед кон околните предели, замокот сведочи за времето на крстоносните походи и стратешкото значење на овој регион. Потоа продолжуваме кон Џераш – еден од најдобро зачуваните антички римски градови надвор од Италија. Прошетајте по улиците обложени со камени плочи, меѓу величествените колонади, храмови, плоштади и антички театри. Секој чекор низ овој археолошки бисер открива дел од раскошниот живот во времето на Римската Империја.Во вечерните часови се враќаме во Аман, каде што следуваат вечера и ноќевање.
17.01.2027
По Појадокот и одјавувањето од хотелот, го продолжуваме патувањето кон јужниот дел на Јордан, откривајќи места со исклучително историско и духовно значење. Првата станица е Мадаба, град познат како „градот на мозаиците“. Тука се наоѓа прочуената мозаична карта на Светата Земја од VI век, едно од најзначајните уметнички и историски сведоштва од византискиот период. Следува посетата на планината Небо, светото место од кое, според библиското предание, Мојсеј ја здогледал Ветената Земја. Од врвот се отвораат прекрасни панорамски погледи кон долината на реката Јордан и Мртвото Море. Продолжуваме кон Керак, каде што ќе го посетиме грандиозниот крстоносен замок – тврдина со масивни камени ѕидови, таинствени ходници, кули и подземни премини, кои раскажуваат приказни за средновековните битки и некогашната моќ на оваа тврдина. Во продолжение пристигнуваме во Петра, едно од најголемите археолошки богатства на светот. По сместувањето во хотелот и вечера, слободно време за одмор и уживање во атмосферата на ова историско место.
18.01.2027
Појадок во хотелот. Денот е посветен на едно од најфасцинантните места на планетата – древниот град Петра, познат како „Розовиот град“. Издлабена во карпите со неверојатни нијанси на розова, црвена и златна боја, Петра претставува ремек-дело на набатејската цивилизација и едно од Новите седум светски чуда. Прошетката започнува низ тесниот кањон Сик, чии високи карпести ѕидови постепено го откриваат погледот кон најпознатата градба на Петра – величествената Ризница, Ал-Хазнех. Но, ова е само почетокот на незаборавната авантура. Античките гробници, монументалните фасади, храмовите и остатоците од некогашниот трговски центар откриваат една извонредна цивилизација, која со својата архитектура и инженерство го надминала своето време. По незаборавното доживување во Петра, продолжуваме кон пустината Вади Рум, позната по спектакуларните црвени песоци, грандиозните карпести формации и пејзажите што потсетуваат на друга планета. Вечерта ја поминуваме во автентична пустинска атмосфера, под бескрајното ѕвездено небо, со традиционална вечера и ноќевање во камп сместен во срцето на пустината – доживување што ќе остане во трајно сеќавање.
19.01.2027
Утрото го започнуваме со вистинска пустинска авантура! По појадокот нè очекува двочасовно сафари со теренски џипови низ Вади Рум – пустина со неверојатни пејзажи, бескрајни песочни пространства и величествени карпи обликувани од ветерот и времето. Ова е идеална можност да ја почувствувате суровата убавина на пустината и да направите фотографии што ќе ве потсетуваат на едно навистина посебно доживување. По одјавувањето од кампот, продолжуваме кон Мртвото Море – едно од најнеобичните природни чуда во светот. Сместено на најниската копнена точка на Земјата, ова солено езеро е познато по исклучително високата концентрација на минерали и уникатното чувство на бестежинско лебдење на водната површина. Вечера и ноќевање.
20.01.2027
Појадок во хотелот и слободно време за уживање на Мртвото Море – едно од најнеобичните природни чуда во светот. Искористете ги последните часови за релаксација покрај водата, за уникатното искуство на лебдење во нејзините солени води или едноставно уживајте во прекрасните пејзажи што го опкружуваат ова природно богатство. Во попладневните часови се упатуваме кон Аман, престолнината на Кралството Јордан, град во кој илјадници години историја се испреплетуваат со ориенталниот дух и современиот начин на живот. Следува разглед на градот, при што ќе ги запознаеме богатата култура и наследството на Хашемитското Кралство. Ќе ја посетиме Цитаделата, сместена на еден од ридовите на стариот Аман, од каде што се простира прекрасен панорамски поглед кон градот. Потоа ќе го посетиме и Римскиот театар, величествен споменик од античкиот период, кој сведочи за богатата историја на јорданската престолнина. Ќе прошетаме низ стариот дел на градот, каде што сè уште се чувствува автентичната ориентална атмосфера, ќе ја запознаеме традиционалната архитектура и локалниот начин на живот, а потоа ќе го откриеме и модерното лице на Аман, со неговите современи квартови и динамичниот градски ритам. Нашето патување го заокружуваме со вечера во центарот на Аман, каде што ќе имаме можност да ја почувствуваме локалната атмосфера и гостопримството на Јордан. По вечерата следува трансфер до аеродромот во Аман за летот кон Истанбул во раните утрински часови, носејќи со себе незаборавни спомени од патувањето низ историјата, културата и природните убавини на Јордан. Вечера и трансфер до аеродромот.
21.01.2027
Полетување од Аман со летот PC721 во 03:45 часот и пристигнување во Истанбул во 06:15 часот. Продолжување со летот PC351 за Скопје во 10:30 часот. Пристигнување во Скопје во 09:55 часот и крај на нашето незаборавно патување низ Јордан, исполнето со историја, пустински пејзажи, древни знаменитости и уникатни доживувања.
|
ЈОРДАН – Јануари 2027 ХОТЕЛИ СО 4* | АВИОН ОД СКОПЈЕ |
ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ |
15.01.2027 – 21.01.2027 |
|
ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ |
15.01 – 21.01.2027 |
|
|
УСЛУГИ |
4 HB + 1 BB |
|
|
НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ |
5Н / 7Д |
|
|
Цена по лице во двокреветна |
1495 € / 92.690 мкд |
|
|
Цена по лице за резервации до 03.11.2026 |
1355 € / 84.010 мкд |
|
|
Попуст за дете од 3 -11,99 години |
-170 € / 10.540 мкд |
|
|
Попуст за трето возрасно лице |
На барање |
|
|
Доплата за еднокреветна соба |
230 € / 14.260 мкд |
|