Прескокни до содржината

Кипар (Ларнака-Лимасол-Пафос-Фамагуста)

  • Поаѓање пет., 12 фев. 2027
  • Враќање пон., 15 фев. 2027
  • Траење 4 дена
  • Превоз Авион

Фотографии

Кипар (Ларнака-Лимасол-Пафос-Фамагуста) Кипар (Ларнака-Лимасол-Пафос-Фамагуста) Кипар (Ларнака-Лимасол-Пафос-Фамагуста) Кипар (Ларнака-Лимасол-Пафос-Фамагуста) Кипар (Ларнака-Лимасол-Пафос-Фамагуста) Кипар (Ларнака-Лимасол-Пафос-Фамагуста) Кипар (Ларнака-Лимасол-Пафос-Фамагуста) Кипар (Ларнака-Лимасол-Пафос-Фамагуста)
Кипар е живописен остров во Средоземното Море кој постојано го привлекува вниманието на илјадници туристи. Оваа област вешто ги комбинира урнатините на античките грчки храмови, остатоци од населби кои датираат од камено време, величествени византиски, па дури и готски катедрали. Ние сакаме во неколку дена на да пробаме да ви пги преставиме  иконски места на островот. Кипар е најголемиот од трите големи медитеранските острови. Со површина од 9250 квадратни. км. Сепак, не треба многу за да го преминете нагоре и надолу и се погледнат сите атракции. Со автомобил од север кон југ, е да се помине во најширока точка 96 километри, а од исток кон запад повеќе – 224 km. Релјефот на островот Кипар е различен: песочни плажи и карпести гребени, долини и ридови, борови шуми и планински масиви.

Програма

  1. Ден 1 12.02.2026 (петок) Скопје (Битола)-Солун -Ларнака

    12.02.2027

    Состанок на групата на групите со организиран превоз во 05:00 часот на Спортска сала Битола и Дрводекор Скопје. Заминување за Грција. Состанок на аеродром Солун во 11.00 часот по грчко време и чекирање на лет Wizzair. Полетување во 12,55 часот по грчко време. Пристигнување на аеродромот во Ларнака во 14.55 часот. Запознавње со прогрaмата и нашите водичи. Заминување за разглед на еден од најстарите градови на светот, град со испреплетени години историја, култура и уметност, во кој се измешале повеќе цивилизации како Персиjци, Грци, Египќани, Византици, Отоманци, Турци и Британци. Град со посебен шарм и поволна блага клима. Панорамски разглед на градот Стар Китон (Ларнака), Паркот на камилите, Неолитски споменик- “Choirokoitia“, Големата џамија-Кебир, Султан Теке, Солено Езеро, Црквата Аг.Лазарос, Археолошки музеј Пиеридес, Плажа Финикудес, Манастир Ставровуни. Сместување во хотел. https://frangiorgiohotel.com. Вечерта слободно време за посета на стариот дел на градот Ларнака. Уживајте во ноќта меѓу локалното население, атмосфера и храна. Можност за посета на етно ресторан – факултативно. Ноќевање 1.

  2. Ден 2 13.02.2026 (сабота) Ларнака-Курион-Пафос-Лимасол

    13.02.2027

    Појадок. По појадокот факултативно (60 Еур) организирано заминување и посета на Курион, Лимасол и Пафос. Антички Курион Откријте го еден од најимпресивните антички град-кралства на Кипар, спектакуларно сместен над Средоземното Море. Посетете го неговиот величествен грчко-римски театар и археолошките остатоци, кои нудат фасцинантен увид во богатата историја на островот. Заминување кон Пафос и пристигнување на пристаништето во Пафос и слободно време за ручек Уживајте во опуштената атмосфера на сликовитото пристаниште, со неговите ресторани и кафулиња покрај водата, како и прекрасните глетки кон Средоземното Море и средновековниот замок. Ќе го видимие Археолошки парк Пафос и римски мозаици. Откријте ги извонредните римски мозаици во Пафос, кои се дел од светското наследство на УНЕСКО. Овие прекрасно зачувани ремек-дела прикажуваат фасцинантни сцени од грчката митологија и нудат увид во луксузниот живот на Кипар во римско време. Поаѓање кон Лимасол. Пешачка тура низ стариот град Лимасол Уживајте во водена прошетка низ историскиот центар на Лимасол, откривајќи ја областа околу средновековниот замок, шармантните пешачки улици, традиционалните продавници и живата локална атмосфера. на стариот град Лимасол. Лимасол е втор град по големина на Кипар (после Никозија) и најпопуларно летувалиште на островот на Афродита после Аја Напа. Лимасол е голем туристички центар, со долги шеталишта во центарот на градот, до самото море. На брегот од лева и десна страна се нижат безброј хотели и туристички населби. Овде сте во можност да уживате во долгите плажи, прекрасните хотели и секако и во стариот дел на градот каде можете да ги видите локалците како играат табла и пијат кафе во текот на целиот ден. Градот ви нуди голем избор на продавници од секаков тип кој ќе ги задоволи дури и оние најпребирливите. потоа ќе продолжиме да посетиме прекрасно село сместено во областа Лемесос (Лимасол). Враќање во хотел во попладневните часови. Слободна вечер. Ноќевање 2.

  3. Ден 3 14.02.2026 (недела) Ларнака-Фамагуста-Агиа Напа

    14.02.2027

    Појадок. Слободно време за истражување на градот или пак организирана факултативна екскурзија (60 Еур) на Агиа Напа и Фамагуста. Екскурзијата ја започнуваме со застанување на чекпоинтот Деринија каде ќе се запознаеме со историски моменти на Кипар, со отворање на два контролни пункта по повеќе од половина век. Официјални лица од двете страни ги отвориле ови гранични премини за првпат по многу години, поддржани од ОН. Поделените кипарски Грци поминувале низ источниот граничен пункт Деринија, минувајќи покрај мировниците на Обединетите нации кон отцепениот север поддржан од Турција. Во исто време, преминот Лефка-Аплики бил отворен во северозападниот дел на источниот медитерански остров. Пред повторното отворање на преминот Деринија, војниците ги отстраниле бариерите завиткани со ‘рѓосана бодликава жица. Продолжуваме кон Градот на Духовите-Фамагуста.Фамагуста, грчки Амохостос, турски Гази Магуса, главно пристаниште во делот на северен Кипар под управа на кипарските Турци. Лежи на источниот брег на островот во заливот помеѓу Кејп Греко и Елоеа и е на околу 50 км источно од Никозија. Пристаништето се одликува како најдлабокото пристаниште на Кипар. Фамагуста е франска кованица на неговото грчко име, што значи „закопана во песок“, опис на заленото устие на реката Педиеос северно од градот. Основана е како Арсиноа од македонскиот египетски крал Птоломеј II (308–246 п.н.е.). Заминување за Агиа Напа. Аја Напа е живо место, популарна туристичка дестинација сместена на југоисточниот брег на Кипар, а името го добила по Света Напа, која е заштитничка на градот. Од 70-тите години на минатиот век, од мирно рибарско место, Аја Напа станува најпосетена дестинација на островот. Денес изобилува со модерни хотели и други видови на сместувачки капацитети, продавници за се’ и сешто (и да пристигнете без куфер – овде може се што ви треба да си купите, буквално ништо не недостасува), огромен број на ресторани со разновидни кујни (грчка, италијанска, азиска, мексиканска…), кафе барови, популарни барови на плажи, ноќни клубови . Враќање во Ларнака. Слободна вечер со можност за посета на ноќен клуб. Ноќевање 3.

  4. Ден 4 15.02.2026 (понеделник) Ларнака- Солун-Битола-Скопје

    15.02.2027

    Појадок. Одјавување од хотел во 07.00 часот. Трансфер до аеродромот во Ларнака. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување од Ларнака во 10.05 часот Пристигнување во Солун во 12.20 часот. Можност за прошетка низ Солун, како и можност за шопинг. Заминување за Македонија за групата со организиран превоз во 16 часот и пристинување во вечерните часови. Организирани трансфери по градови.

Цени

Цена на аранжманот: 359 Eур/ 22.2588 МКД

Цена за рана уплата до 31/11/2026 : 334 Еур/20,708 МКД

Деца: 2-12 години со двајца возрасни 299 Еур. Доплата за еднокреветна соба 78 Еур.

Локација

Услови

Во цената се вклучени следниве услуги:

– Авиокарта Солун-Ларнака РТ со вклучен рачен багаж (30х40х20- 8кг)

-3 ноќевања со појадок во  хотел Frangiorgio 3* во Ларнака https://frangiorgiohotel.com

-Организиран разглед на градот Ларнака  со локален водич

– Прошетка и шопинг во Солун (за патниците со организиран превоз од Македонија)

-Организација и водство на патувањето

Во цената не се вклучени следниве услуги:

– Автобуски превоз Скопје (Битола)- аеродром Солун РТ 50 Eур/лице

– Факултативен излет Лимасол-Пафос-Курион (60 Еур)

– Факултативен излет Агиа Напа -Фамагуста (60 Еур)

– Багаж 10кг (55 x 40 x 23 cm)–  информации во агенција

– Туристичка такса 1,5€ по соба од ден, напалата на рецепција во хотел

– Влезници за посета на локалитетите

– Паркинг аеродром Солун (30 Еур/ кола /4 дена)

– Патничко и здравствено осигурување 150 мкд

Доплата за повратен трансфер во МК:  Охрид; Струга, Ресен 15 Еур/лице

НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 20 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. 

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и „СУПЕР ТРАВЕЛ“.