Прескокни до содржината

КРАЈОВА – Божиќен Маркет

Со посета на Видин и Ниш -Сопствена Програма

Крајова

  • Поаѓање саб., 28 ноем. 2026
  • Враќање пон., 30 ноем. 2026
  • Траење 3 дена

Фотографии

КРАЈОВА – Божиќен Маркет КРАЈОВА – Божиќен Маркет КРАЈОВА – Божиќен Маркет КРАЈОВА – Божиќен Маркет КРАЈОВА – Божиќен Маркет КРАЈОВА – Божиќен Маркет КРАЈОВА – Божиќен Маркет КРАЈОВА – Божиќен Маркет

КРАЈОВА

Со посета на Видин и Ниш

Крајова, Романија, се наоѓа на самиот врв меѓу најдобрите божиќни пазари во Европа. Ова признание го одразува извонредниот раст на настанот кој, со површина од над 280.000 m², важи за најголем божиќен маркет во Европа. Крајова со право ја носи титулата божиќна престолнина на Романија и регионот.

Оваа година, главна тема на пазарот е иконската приказна за „Оревокршачката“, оживеана со илјадници џиновски декорации, украсни играчки и слатки кои го исполнуваат центарот на градот, осветлен од милиони блескави светилки. Во Крајова ве очекуваат бројни атракции: највисоката летачка санка на Дедо Мраз во Источна Европа, огромно панорамско тркало, лизгалиште, рачно насликани дрвени куќички и штандови во облик на вртелешки. Од мирисот на медењаци и греено вино до рачно изработените занаетчиски производи – сè е дизајнирано за незаборавно празнично искуство.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

Ден 1: 28.11.2026 (Сабота)

  • Поаѓање: Во раните утрински часови од Кавадарци, со можност за приклучување од Велес, Скопје и Куманово. Патување преку граничниот премин Табановце и Србија, со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

  • Видин: Пристигнување во Видин – град со богата историја, сместен на самиот брег на Дунав. Посета на тврдината „Баба Вида“ (од 10 век), единствената целосно зачувана средновековна тврдина во Бугарија.

  • Сместување: Пристигнување и сместување во хотел во Видин, краток одмор и заминување кон Крајова.

  • Крајова: Пристигнување во Крајова – живописен град и шести по големина во Романија.

    • Прошетка низ паркот „Николае Романеску“ – зелен бисер со историја долга повеќе од еден век, познат по романтичниот замок, висечкиот мост и езерото.

    • Индивидуално можност за посета на трговскиот центар Electroputere Parc (околу 2 часа) за љубителите на шопинг.

    • За крај на денот: Посета на Божиќниот пазар сместен на централниот плоштад „Михај Витјазул“. Слободно време за прошетка, уживање во празничната програма и потопување во божиќната магија.

  • Враќање: Во вечерните часови враќање во хотелот во Видин. Ноќевање.

Ден 2: 29.11.2026 (Недела)

  • Појадок: Појадок во хотелот и одјавување.

  • Видин: Слободно време за прошетка низ прекрасниот градски парк покрај Дунав или можност за индивидуална посета на културно-историските знаменитости: Крстената касарна, Турскиот конак (Регионален историски музеј) или катедралата „Свети Димитар“ – трета по големина црква во Бугарија.

  • Ниш: Во пладневните часови заминување кон Македонија со попатна посета на Ниш – еден од најживописните градови во Србија. Прошетка низ централниот плоштад „Крал Милан“, познатата пешачка улица „Обреновиќева“, Нишката тврдина и парковите покрај реката Нишава. Слободно време за кафе, ручек и прошетка.

  • Враќање: Во вечерните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во Кавадарци после полноќ.


ЦЕНА: 109€  (6760 ден.)

ЦЕНА: за деца до 11,99 години : 99 евра (6140 ден.)

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • 1 ноќевање со појадок во хотел во Видин;

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација;

  • Посета на Крајова, Видин и Ниш;

  • Лиценциран придружник од агенцијата за време на целото патување.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко здравствено осигурување;

  • Влезници за културно-историските споменици и атракции;

  • Доплата за еднокреветна соба;

  • Лични трошоци за време на патувањето.

Услови

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.

  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

  • Туристичката агенција „СУПЕР ТРАВЕЛ“ има потпишано договори за фиксен (гарантиран) закуп на капацитетите наведени во оваа понуда.

  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената.

  • Т.А. „СУПЕР ТРАВЕЛ“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда

  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „СУПЕР ТРАВЕЛ“ и на самата агенција.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и „СУПЕР ТРАВЕЛ“.