Мадрид и Барселона 20.11.2026
20.11.2026
BLACK FRIDAY Цена до 30.11.2026
1 ден 26.02.2027 СКОПЈЕ -МАЛТА
Тргнување на групата од Кавадарци во 09:00 часот организиран трансфер до аеродромот Состанок на групата na Скопскиот аеродром 11:00 часот. Полетување за Валета во13:10 ч. Пристигнување во 15:00 часот. Трансфер до хотелот .Сместување во хотел.Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
2 ден 27.02.2027 МДИНА И ВАЛЕТА
Појадок. Во пладневните часови факултативна посета на Мдина, стариот средновековен главен град на Малта (Тивкиот Град), Прошетка низ тесните поплочени улички и најважните места во градот . Во попладневните часови се упатуваме низ сликовитите улички на Валета се до Градините“Barracca”од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града: „Vittoriosa“, „Cospicua“ „Senglea .Враќање во хотел Ноќевање.
3 ден 28.02.2027 МАЛТА–ГОЗО
Појадок. После појадокот се упатуваме на факултативна целодневна посета на Гозо омиленото излетничко место на Малтежаните (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Пред пристигнување во пристаништето Cirkewa, можност за кратка посета на селото Попај ( Панорамски ). Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… Попладне враќање во хотел.. Ноќевање.
4 ден 01.03.2027 МАЛТА-МАРСАШЛОК- СКОПЈЕ
Појадок.Напуштање на хотелот во 09.00 часот и посета на Blue Groto и Марсашлок.Blue Groto го добива своето име во 1950 -тите , кога еден британски војник ја посетил областа и ја споредил со познатата Грота Азура на Капри, што во основа значи Сина Пештера поради нејзината неверојатна, јасна сина боја на морето.Овој комплекс се состои од импресивен главен лак, висок околу 30 метри, како и систем од 6 други пештери.Разгледот продолжува кон Марсашлок.Ако сакате да ја запознаете вистинската Малта ,вистинското нешто е рибарското село познато познато по својот пазар за риби и шарени бродови. Тоа е автентично градче со класичен малтешки плоштад, тесни улички и препознатлива архитектура.Трансфер до аеродром во 13.00 часот.Полетување во 15.35 часот.Пристигнување во 17.15 часот.
РЕДОВНА ЦЕНА 339€ /21 020денари
Цената на аранжманот е по особа и вклучува:
Авионски превоз на релација Скопје-Малта-Скопје со вклучени аеродромски такси
Багаж со димензии 40 х 30 х 20 цм, максимум 8 kg
Трансфер на релација аеродром-хотел-аеродром во Малта.
Сместување во Хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок
Организација и водство на аранжманот
Пратител од агенцијата за целото патување
Цената на аранжманот не вклучува:
Факултативна посета на Гозо 75 евра
Факултативна посета на Валета и Мдина 65евра
Посета на Марсашлок и Blue Groto 40 евра (ЗАДОЛЖИТЕЛНО)
Влезници за културно историските музеи
Доплата за багаж – информација во агенција
Патничко осигурување
Туристичка такса 1500 ден се плача во агенцијата
Индивидуални трошоци
НАПОМЕНА:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници;
За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција.
Доколку не се оствари реализација за минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање;
Не примаме резервации за деца до 4,99 години ,поради динамиката, времетраењето и напорноста на патувачките програми и екскурзии
Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99 г детето плаќа 100%
Доплата за еднокреветна соба -
Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на превоз или не доволен број на пријавени патници да ја измени цената на аранжманот или да го откаже истиот во целост 7 дена пред поагање,како и промена на редоследот на факултативни излети во случај на објективни нрепредвидени причини.
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата;
Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
Плаќањето на аранжманот се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€;
Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „СУПЕР ТРАВЕЛ“ и на самата агенција.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и „СУПЕР ТРАВЕЛ“.