Прескокни до содржината

НЕАПОЛ со посета на Капри и Амалфиското крајбрежје

  • Поаѓање пет., 19 мар. 2027
  • Враќање пон., 22 мар. 2027
  • Траење 4 дена
  • Превоз Авион
  • Поаѓање од Скопје

Фотографии

НЕАПОЛ  со посета на Капри и Амалфиското крајбрежје НЕАПОЛ  со посета на Капри и Амалфиското крајбрежје НЕАПОЛ  со посета на Капри и Амалфиското крајбрежје НЕАПОЛ  со посета на Капри и Амалфиското крајбрежје НЕАПОЛ  со посета на Капри и Амалфиското крајбрежје

НЕАПОЛ – ГРАДОТ НА ВИСТИНСКИОТ ИТАЛИЈАНСКИ ДУХ!

Град со богата историја, импресивна архитектура, живописни улички и неповторлива атмосфера, каде што на секој чекор се чувствува вистинскиот дух на Италија. Неговиот историски центар, кој е под заштита на УНЕСКО, изобилува со величествени замоци, раскошната Кралска палата, бројни цркви, шармантни плоштади и традиционални кафулиња. Од возвишените делови на градот се отвораат прекрасни панорамски погледи кон Неаполскиот Залив и величествениот Везув. Неапол е и родното место на светски познатата наполитанска пица, чиј автентичен вкус е задолжително гастрономско доживување. Во негова близина се наоѓаат и бисерите на јужна Италија – гламурозниот остров Капри и волшебното Амалфиско крајбрежје.

 

19.03 Петок              Скопје – Неапол

Состанок на групата на скопскиот ареодромот два часа пред лет.  

Полетувањето за Неапол е предвидено во 12.25часот, а пристигнувањето во 14.00 часот.

Организиран трансфер до хотел GRAND HOTEL EUROPA  и сместување. Кратка пауза.

Пешачки разглед на градот со локален водич: сместен во срцето на Наполи, плоштадот Пјаца дел Плебисито е еден од најголемите, а тука се наоѓаат Кралската палата, Галеријата Умберто, театарот Сан Карло, замокот Castelo Nuovo, Фонтаната на Нептун, пристаништето и Палатата на Имаколатела, живописна уличка Виа С. Грегорио Армено позната по занаетчиските продавници и катедралата Сан Франческо посветена на светецот – заштитник на Неапол.

Слободна вечер, задолжитело пробајте наполитанска пица. Ноќевање.

 

20.03 Сабота          Неапол – Капри

Појадок. Препорачуваме факултатива екскурзија на островот Капри (патување со брод околу еден час во правец и трансфери на самиот остров од марината до Капри и Ана Капри и обратно).

Капри, шармантниот главен град на истоимениот остров, плени со своите живописни улички, елегантната Пјацета, прекрасните градини на Август и спектакуларниот поглед кон познатите карпи Фараљони, симболот на островот. Прошетка и слободно време.

Анакапри, симпатично гратче сместено на повисокиот дел од островот Капри, воодушевува со своите живописни улички, прекрасната вила Сан Микеле, историската црква Сан Микеле и жичницата до врвот Монте Соларо, од каде се пружа незаборавен панорамски поглед кон островот и тиркизното Тиренско Море. Прошетка и слободно време, препорачуваме ручек пауза да направите во Ана Капри.  Враќање во Неапол во попладневните часови.

Слободна вечер, препорачуваме прошетка во шпанскиот кварт, едно од најживите и најавтентичните населби во Наполи, познат по своите шарени графити, трендовски барови и музика во живо. Ноќевање.

 

21.03 Недела          Соренто - Амалфи - Равело

Појадок. Препорачуваме факултатива целодневна екскурзија на Амалфиското крајбрежје со организиран трансфер (патување со минибус, приближно 10 часа за посета на 3 градчиња). На туристичката мапа обележани како места кои мора да се посетат, ова патуватување се смета за едено од најспектакуларните во Европа поради прекрасните пејзажи, а возењето покрај самиот брег го одзема здивот, додека магичните гратчиња покрај брегот го комплетираат впечатокот.

Соренто го нарекуваат Сончевиот Град, со неверојатено воодушевувачки поглед на Неаполскиот залив, а во подножјето бистрата тиркизна вода на Тиренското Море...

Амалфи, некогашната моќна поморска сила по која го добил името целиот брег. Самиот град е под заштита на УНЕСКО, тој е бисер на средновековната архитектура со тесни улички, прошетка до катедралата Св.Андреј со импресивните скалила и декоративната фасада.

Равело е едно од најволшебните места на Амалфиското крајбрежје – тивко, романтично и сместено високо над морето, како природна тераса со поглед што остава без здив. Познат е по својата мирна атмосфера, историски палати и градини што го одземаат здивот.  

Враќање во хотел.

Слободна вечер во Наполи, задолжително прошетајте по улицата Толедо. Ноќевање.

 

22.03 Понеделник  Наполи - Скопје

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки во Неапол.

Организиран трансфер до аеродромот (околу 12.00 часот).

Полетувањето за Скопје е предвидено во 14.35 и пристигнување во 16.05часот.

 

 

Цена на аранжманот во предпродажба:  449 €  / 27.840 мкд

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 499 €  / 30.940 мкд

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски превоз на релација Скопје – Неапол – Скопје

Аеродромски такси

Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)

Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром

Сместување во Хотел GRAND HOTEL EUROPA  3*  на база 3 ноќевања со појадок.

Организиран разглед на Неапол со локален водич

Организација на аранжманот и лиценциран водич - придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Доплата за чекиран багаж - куфер (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)

Туристичка такса 1.100 мкд  - се плаќа во агенција

Карти за јавен превоз (метро)

Патничко-здравствено осигурување

Доплата за еднокреветна соба 7.500 мкд

 Цена на факултативи:

Соренто – Амалфи - Равело - 85 евра

Капри - 85 евра

 

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни, трокреветни соби и четворокреветни соби.

Деца до 12 години плаќаат 419 евра, задолжително во придружба на две возрасни лица.

 

Напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.

За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.

Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.

Усни и телефонски резервации се невалидни.

Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 18 патници.

При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени.

Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

При отказ на резрвација од страна на клиентот, од било каква причина, ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 денари.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.

Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА 

Цени

Цена на аранжманот во предпродажба:  449 €  / 27.840 мкд

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 499 €  / 30.940 мкд

Услови

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.

  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

  • Туристичката агенција „СУПЕР ТРАВЕЛ“ има потпишано договори за фиксен (гарантиран) закуп на капацитетите наведени во оваа понуда.

  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената.

  • Т.А. „СУПЕР ТРАВЕЛ“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда

  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „СУПЕР ТРАВЕЛ“ и на самата агенција.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и „СУПЕР ТРАВЕЛ“.