Прескокни до содржината

НОВИ САД,СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ

со посета на Сомбор , Суботица,Палич и БЕЛГРАД - Сопствена програма -BLACK FRIDAY до 31.11.2026

  • Поаѓање пет., 26 фев. 2027
  • Враќање вто., 2 мар. 2027
  • Траење 5 дена
  • Превоз Автобус
  • Поаѓање од Кавадарци,Неготино,Велес,Скопје,

Фотографии

НОВИ САД,СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ НОВИ САД,СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ НОВИ САД,СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ НОВИ САД,СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ НОВИ САД,СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ НОВИ САД,СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ НОВИ САД,СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ НОВИ САД,СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ

НОВИ САД,СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ

со посета на Сомбор , Суботица,Палич и БЕЛГРАД


-Нови Сад е втор по големина град во Србија, по Белград, значаен историски културен економски центар на Србја .Град кој не случајно ги носи двeте титули како Европска престолнина на младите во 2019 и Европска престолнина на културата за 2021.Тој плени со својата архитектура историја и позитивна енегија. Нови Сад се наоѓа на границата помеѓу регионите Бачка и Срем, на брегот на реката Дунав и каналот Дунав-Тиса-Дунав, притоа гледајќи на северните падини на планината Фрушка Гора, познат по Петроварадинската тврдина.


-Сомбор град во северна Србија во областа Бачка , на 10тина километри од Хрватска граница(на запад) и Унгарска граница(на север). Тој е административен центар на Западно-бачкиот округ.

-Суботица град и општина во северна Србија , во Автономната Покраина Војводина .

Се наоѓа на 10 километри од границата со Унгарија . Суботица е најсеверниот град на Србија и втор најголем град на регионот Војводина, помал само од Нови Сад

- Белград е главен град и најголем град во Србија. Градот се наоѓа на устието на реките Сава и Дунав во централна северна Србија, на местото каде што Панонската Низина се сретнува со Балканскиот Полуостров. Тој е најголемиот град на територијата на поранешна Југославија и по бројот на жители е четврт во Југоисточна Европа, по Истанбул, Атина, и Букурешт.

Прв ден 26.02.2027(Петок )

Поаѓање во 23:00 ч, преку граничниот премин Табановце со попатни одмори.

Втор ден. 27.02.2027( Сабота)

Пристигнување во Сремски Карловци кратка обиколка на градот кој е познат по своето вино.Посета на Патријаршијата црквата св. Никола фонтаната Четири Лава и Карловачката гимназија.

Потоа се продолжува кон Нови Сад - разгледување на градот со локален водич. Посета на Петро- Варадинската тврдина која се наоѓа на 120 хектари површина со безброј подземни тунели чии темели се поставени во 17 век а изградбата траела 88 години .Ремек дело на тврдината е пијаниот часовник кој гордо стои на тврдината. Посетата продожува по улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица - пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква. Слободно време . Смесување во хотел.  Ноќевање.

Трет ден. 28.02.2027(Недела )

Појадок. Факултативен целодневен излет до Сомбор и Суботица .Возење низ идилата на Бачкa. Средба со историја и култура на Војводина и Бачка. Војводина е Европа во минијатура, во неа живеат речиси 30 различни народи. Бачката Низина е една од најплодните почви во Европа. Во оваа екскурзија ќе истражиме два нејзини бисери на архитектурата и културата.

Пристигнување во Сомбор, еден од најзелените градови во цела Србија,градот на фиакерите. Посета на импозантната општинска жупаниска зграда. Впечатокот од убавината на архитектурата ја збогатува и огромната слика која 120 години е изложена во Сомбор. Сликата е од битката кај Сента во 1697 година со која била одмерена судбината на овој дел од Европа. Потоа следи обиколка на централниот дел на Сомбор и уживање во мирот што го нуди: српска читална, куќата на Лаза Костиќ, градско собрание, галерија „Милан Коњовиќ“ и многу повеќе што ги нуди овој мал град. По разгледот, следува слободно време, а потоа продолжување на возењето до Суботица. Суботица е град со најголема концентрација на архитектура во Србија. До половина век бил најголемиот град во Војводина. По пристигнувањето во Суботица, го посетуваме Градското собрание, каде што се кријат многу убави архитектурни мотиви. По обиколката на Градското собрание, следува обиколка на старото јадро: споменикот до царот Јован Ненад, Сино-зелената фонтана, синагогата, катедралата Марија Авила... Слободно време за истражувајќи го овој прекрасен град. . Можност за уживање на Паличко езеро..

Враќање во Нови Сад. Пристигнување во вечерните часови. Ноќевање.

Четврти ден 01.03.2027(Понеделник )

Појадок и одјавување од хотелот. Поаѓање за Белград, панорамски разглед на градот.Посета на Храмот СВ Сава,посета на Калемегдан и кафе пауза на Кнез Михајлова . Попладнето поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

Петти ден 02.03.2027(Вторни)

Пристигнување во Македонија во раните утрински(ноќни) часови.

 

Цени

 BLACK FRIDAY до 31.11.2026: 139 € (8620 ден) 

со задолжителна факултатива за Сомбор ,Суботица и Паличо езеро 40 €

Промо цена 159 €(9.860 ден)  со задолжителна факултатива 

 за Сомбор ,Суботица и Паличо езеро 40€

Редовна цена 179 €(11 100 ден) 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз на наведената релација со високо туристички автобус,

  • 2 Ноќевања со појадок во Хотел во Нови Сад,

  • Пешачки разглед со локален водич на Сремски Карловци и Нови Сад

  • Профисионален туристички придружник,

  • Посета на Белград

  • Организација и реализација на патувањето


  • Во цената на аранжманот не е вклучено:


  • Целодневен излет до Сомбор ,Суботица и Паличо езеро 40 евра(миниум 30 патници)

  • Туристичка такса 2 евра се плаќа во агенција

  • Здраствено патничко осигурување (задолжително) 200 ден.

  • Трансфер по градови Битола, Прилеп, Штип, Гевгелија – 15 евра во правец по лице (во договор со агенцијата)



Локација

Услови

  • НАПОМЕНА:
    • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;

    • За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

    • Доколку не се оствари реализација за минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање;

    • Доплата за избор на седиште во двата правци 20 €;

    • Доплата за дополнително седиште 100 €;

    • Деца до 11,99 евра добиваат 10% попуст на аранжманот

    • Не примаме резервации за деца до 4,99 години ,поради динамиката, времетраењето и напорноста на патувачките програми и екскурзии

    • Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99 г детето плаќа 100%

    • Доплата за еднокреветна соба - 2000 ден

    • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;

    • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата;

    • Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;

    • Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;

    • Плаќањето на аранжманот се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€;

    • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.


  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „СУПЕР ТРАВЕЛ“ и на самата агенција.

  • ВНИМАНИЕ! - Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата. Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот за услуги.


  •  За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и „СУПЕР ТРАВЕЛ“.