ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА
- Повратен автобуски превоз на релација Скопје – Едипсос – Скопје;
- Повратна траектна карта на релација Глифа – Агиос Кампос – Глифа;
- 7 ноќевања во хотел Oreoi, на база полупансион — појадок и вечера;
- Туристички придружник за време на патувањето.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
- Задолжително патничко осигурување;
- Туристичка такса од 2 € по соба од ноќ, односно 14 € по соба за 7 ноќевања, која се плаќа во објектот;
- Дополнителни оброци;
- Факултативни екскурзии и влезници;
- Останати индивидуални трошоци.
СОПСТВЕН ПРЕВОЗ
За користење сопствен превоз се одобрува намалување од 20 € по лице од цената на аранжманот.
ПОПУСТ ЗА ДВА ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ТЕРМИНИ
За резервација на два последователни термини се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан од редовната цена.
Black Friday и Early Booking попустите не се комбинираат со други попусти, вклучувајќи го попустот за два последователни термини.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ
- Датумот во ценовникот е датум на пристигнување и почеток на сместувањето. Автобуското поаѓање е претходната вечер.
- Сместувањето е по 14:00 часот, а напуштањето на собите е до 08:00 часот, по локално време, поради подготовка и чистење за следната смена.
- Во собите се сместуваат лица согласно предвидениот капацитет. Дополнително може да се смести најмногу едно дете до 6 години, без посебно легло, во кревет со двајца возрасни.
- Фотографиите прикажуваат повеќе соби и служат за општ впечаток за сместувањето. Распоредот и изгледот може да се разликуваат меѓу собите.
- Квалитетот, брзината и стабилноста на интернет-сигналот зависат од давателот на услугата и локалните технички услови. Агенцијата не може да гарантира непрекината интернет-врска.
- За евентуална штета причинета од гостите, сопственикот може да побара надомест.
- Приклучување на превозот: Скопје / Велес / Неготино / Смоквица / Гевгелија, според распоредот на агенцијата.
- Патниците самостојно го пренесуваат багажот од местото на запирање на автобусот до објектот.
- Секој патник има право на едно парче багаж до 20 кг и едно парче рачен багаж.
- Агенцијата го задржува правото непродадените капацитети да ги понуди по Last Minute цени. Подоцнежното намалување на цената не претставува основа за враќање на разликата за претходно уплатени резервации.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и „СУПЕР ТРАВЕЛ“.