Прескокни до содржината

Orei Hotel 3* - Eдипсос

ХОТЕЛ OREOI – ЕДИПСОС, ЕВИЈА

Опис:

Хотел Oreoi е пријатен и функционален хотел, сместен во познатото бањско место Едипсос, едно од најпопуларните термални одморалишта во Грција. Хотелот се наоѓа на одлична локација, на околу 150 метри од плажата и морето, 100–180 метри од центарот, како и на кратко пешачење од познатите термални извори.

Благодарение на својата позиција, гостите имаат лесен пристап до маркети, ресторани, кафулиња ...

Сместување:

Хотелот располага со 27 комфорни и функционално опремени соби, создадени за пријатен престој.

Сите соби содржат:

Клима уред

ТВ

Фрижидер

Телефон

Приватна бања

Балкон

Бесплатен Wi-Fi интернет

Хотелски содржини и услуги:

Рецепција

Лифт

Бесплатен Wi-Fi

Тераса за одмор

Услуга:

Појадок (Шведска маса) и Вечера ( со сервирање )

Локација:

📍 Едипсос – Северна Евија

Од Море: ~150 м

Од Центар: ~100–180 м

Од Термални извори: ~300 м

Предности:

✅ Одлична централна локација

✅ Блиску до плажа и термални извори

✅ Комфорни и чисти соби

✅ Лифт и паркинг

✅ Одличен однос цена–квалитет

Хотел Oreoi е идеален избор за гости кои сакаат релаксација, термални бањи и мирен одмор, со одлична локација во срцето на Едипсос.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

* Автобуски превоз Скопје – Едиспс - Скопје

* Траект Глифа - Агиокампос - Глифа

* Сместување со Појадок и Вечера за 7 ноќи

* Туристички придружник за време на патувањето.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

* Задолжително патничко осигурување.

* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….

* Турситичка Такса 2 евра од ден по соба (се плаќа во објектот)

НАПОМЕНИ:

– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни

– Поради генерално чистење на собите после секоја смена, истите се напуштаат до 08:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);

– Агенцијата го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

– Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе соби, а не се селектирани од една соба, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.

– Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори

– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

– Превоз од Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;

– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.

– За овој аранжман важат Општите Услови на Патување и Правните Напомени на Супер Травел.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

- За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин на редовните цени;

– Доплата за превоз: 65€ за возрасни / 45€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

- За користење сопствен превоз се намалува 20евра од цената

Акција -25% за резервации со комплетни уплати до

Цените се дадени по лице во евра за уплати исклучиво во денари 1 ерво = 62 МКД

ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ СО ПОЈАДОК И ВЕЧЕРА+АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ+ТРАЕКТ