Прескокни до содржината

СОЛУН-ПАРАЛИЈА-ВОДЕН КАТЕРИНИ-ЛИТОХОРО-МАНАСТИР СВ ДИОНИСИЈ

Фотографии

СОЛУН-ПАРАЛИЈА-ВОДЕН  КАТЕРИНИ-ЛИТОХОРО-МАНАСТИР СВ ДИОНИСИЈ СОЛУН-ПАРАЛИЈА-ВОДЕН  КАТЕРИНИ-ЛИТОХОРО-МАНАСТИР СВ ДИОНИСИЈ
ДОЧЕК НА НОВАТА 2027 ГОДИНА
СОЛУН-ПАРАЛИЈА-ВОДЕН

КАТЕРИНИ-ЛИТОХОРО-МАНАСТИР СВ ДИОНИСИЈ

-НОВОГОДИШЕН ШОПИНГ-

1 ден: 31.12.2026 год. Поаѓање за Солун од Скопје на паркингот кај СЦ “Борис
Трајковски“ во 05.00 часот со туристички автобус. Пристигнување во Солун во предпладневните
часови, следува панорамско разгледување на градот со посета на Виа Игнација, црквата Св.
Димитрија, Римскиот форум, Белата Кула...Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг
по познатите улици Via Egnatia и Tsimitski ( можност да се искористат новогодишните попусти).
Попладне поаѓање за Паралија. Пристигнување и сместување во хотел. Слободно време за
индивидуални прошетки. Вечерта организирана факултативна свечена Новогодишна вечера во
таверна со уметничка програма на грчки песни и танци и со специјалитети на грчката кујна. Дочек
на Новата 2027 година. Ноќевање.
2 ден: 01.01.2027 год. Појадок. После појадокот заминување на факултативен излет до
Литохоро и Катерини. Посета и разгледување на новиот манастир Св. Дионисиј и местото
Литохоро под падините на планината Олимп. Се продолжува за Катерини - живописен град на
областа Пиерија и е познат на нашите туристи кои летуваат на брегот на Олимписката ривиера.
Богатите зелени површини, паркови, фонтани и водопади му даваат посебен шарм на ова
интересно место во подножјето на митската планина Олимп. Слободно време за индивидуални
прошетки. Враќање во Паралија.. Ноќевање.
3 ден: 02.01.2027 год. Појадок. По појадокот заминување за Воден и посета на
водопадите. Воден или Едеса во превод би значело „Кула на вода“ е веројатно
единствениот град на свет каде водопадите се многу блиску до центарот на градот. Ги има
седум, а главна атракција е најголемиот Каранос, висок 70 метри именуван во чест на
првиот антички македонски крал. Слободно време за прошетка по прекрасните патеки
исполнети со зеленило и вода. Попладне заминување за Македонија со посета на freeshop
Богородица. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА: 135 евра ( 8.350 денари )

Во цената се пресметани следните услуги:
 Превоз со туристички автобус на дадената релација;
 Сместување во хотел 3* во Паралиа на база две ноќевања со појадок;
 Разгледување и шопинг во Солун;
 Посета на водопадите во Воден;
 Организација и пратител на патувањето


Во цената не се пресметани следните услуги:
- Факултативен излет до Литохоро и Катерини -5 евра;
(минимум 30 лица пријавени за реализација)
- Новогодишна вечера во таверна;
- Влезници за посетите;
- Патничко осигурување (задолжително)
НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. За секое лице
потребен е поединечен биометриски пасош; Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска
противвредност на еврото по курс 62 денари. За овој аранжман важат општите услови за
патување на Т.А.

Услови

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.

  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

  • Туристичката агенција „СУПЕР ТРАВЕЛ“ има потпишано договори за фиксен (гарантиран) закуп на капацитетите наведени во оваа понуда.

  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената.

  • Т.А. „СУПЕР ТРАВЕЛ“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда

  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „СУПЕР ТРАВЕЛ“ и на самата агенција.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и „СУПЕР ТРАВЕЛ“.