Мадрид и Барселона 20.11.2026
20.11.2026
Сопствена програма - BLACK FRIDAY Цена до 30.11.2026
ТЕМИШВАР , АРАД и ОРАДЕА
Темишвар во западна Романија е прогласен за европски град на културата во 2023 под мотото – Нека блесне вашата светлина! Тој е најголем град во Банат и исто така е наречен „Мала Виена“ токму заради тоа што долго време бил под Хабзбуршка власт. Различноста во градот се огледа и во градската архитектура. Во центарот се три поврзани плоштади кои заедно ја формираат пешачката зона низ улиците поставени во форма на ѕвезда. Плоштадот на операта или Плоштад на победата, Катедралниот плоштад и Плоштадот на обединување или Плоштад Слобода.Од балконот на Операта во 1989 години е објавено ослободувањето од комунистичката диктатура.
Арад е град сместен на бреговите на реката Муреш. Арад е единствениот град во Романија што го делат две историски провинции во земјата Крисана и Банат. Градот ја следи својата историја до 11 век и се развил како главно трговско место за време на турската окупација, помеѓу 1551 и 1699 година. од страна на императорот Франциско I од Австрија. Денес,Арад е важен индустриски центар и транспортен центар,дом на два универзитета,романска православна теолошка семинарија, Институт за обука на наставници и музички конзерваториум.
Орадеа се наоѓа покрај двата брега на реката Кришул Репеде во рамките на западните граници на Романија. Под влијание на Австроунгарската империја, овој богат град е исполнет со згради со барок стил , карактеризирани со украсни фасади. Прошетајте по главната пешачка улица на градот, восхитувајќи се на раскошниот дизајн на зградите, тврдината на Орадеа, која датира од 12 век која е симбол на градот, со необичен пентагонален дизајн со аголни бастиони.
Пјаца Унири, еден од главните плоштади на Орадеа, Месечева црква е дизајнирана во 19 век, црквата има црно-златен месечев механизам кој се движи во согласност со фазите на месечината.
1 ден 05.03.2027 (Петок) Кавадарци-Темишвар
Поаѓање во вечерните часови од Кавадарци, Неготино, Велес, Скопје и Куманово преку граничниот премин Табановце со попатни одмори.
2 ден 06.03.2027 (Сабота) Темишвар
Пристигнување во Темишвар, организиран разглед со Локален водич на градот. Посетување на Плоштадот на Победата каде се наоѓаат Операта и Националниот Театар, Соборната Романска црква на Банатската Митрополија, Споменикот на волчицата која ги дои Ромул и Рем-кои е подарок од градот Рим. Разгледот продолжува по плоштадот Слобода на кои е изградена Стaрата Градска куќа во 1734 година во барок стил како и статуата на Дева Марија. Биста на Децебалус - последниот Дачки крал ,плоштадот на Единство каде се наоѓаат Римокатоличката катедрална црква, Барокната Палата, како и Српската православна Соборна Црква во која се наоѓа вреден иконостас се дел од наследстовото на Темишвар. По завршување на разгледот поаѓање кон хотелот и сместување. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
3 ден 07.03.2027 (Недела) Темишвер – Арад и Орадеа
Појадок. Факултативна посета на градот Арад или инидивидуално слободно време во Темишвар.
Пристигнување во Арад кој се наоѓа во западниот дел на Романија и е град во регионот Кришана. Разглед со локален водич на Арад. Арад е град богат со архитектонско наследство, со неколку извонредни градби дизајнирани од талентираниот архитект Емил Табаковиќ. Ги посетуваме Малцинската црква, Палатата Арад (Дирекцијата на канадските железници), Палатата Најман, Трговското училиште, Индустриската - Народната банка, Палатата Фелдес и семејната куќа Табаковиќ. Покрај овие, Арад може да се пофали и со други архитектонски вредни знаменитости како што се Градското собрание, Палатата на културата и неоготскиот државен театар. Широкиот градски булевар на револуциите со дрвја е дом на многу од овие монументални градби, вклучувајќи ја и Црвената црква во неоготски/сецесионистички стил и Римокатоличката црква, што го прави Арад дестинација што мора да ја посетат љубителите на архитектурата. Се продолжува за Орадеа, разгледување на градот со водич: Римокатоличката црква Св. Ладислав, грко католичка катедрала Свети Никола и православната црква Успение на Богородица, лоцирани на неколку десетици метри една од друга. Најубавата зграда на плоштадот е грандиозната Палата на црниот орел од 20 век. Наспроти палатата се наоѓа Градското собрание,со кула од 50м. Десно од театарот се наоѓа главната пешачка улица, која е дом на бројни кафулиња, ресторани, продавници за сувенири.. По улицата се најубавите палати во градот: палатата Стерн, палатата Аполо, палатата Московиц Микса, Палатата на правдата,Унгарската баптистичка црква, Грчко-Католичкиот комплекс... Слободно време. Вечерта враќање во Темишвар.Ноќевање.
4 ден 08.03.2027 (Понеделник)
Појадок и одјавување од хотелот. Можност за посета на трговскиот центар или факултативан посета на Amazonia Aquapark - доколку сакате незаборавно искуство, не го пропуштајте овој комплекс. Во огромниот комплекс од 1000 м2, ве очекуваат 7 тобогани со висина од 25 м и вкупна должина од 310 м.
Подгответе се за максимална забава, дојдете и откријте ја „Зоната за прскање“, совршена за релаксација, или играчките за вода, погодни за сите возрасти. БАЗЕН ЗА РЕЛАКСАЦИЈА - во срцето на зелената оаза, сјаејќи под топлото сонце, се наоѓа базен од 500 квадратни метри (долг 25,4 метри, широк 13 метри, максимална длабочина 140 см) кој ве чека да поминете релаксирачки моменти со вашите најблиски. Овој агол од рајот овозможува постојано бегство од вревата и вревата на секојдневниот живот, претворајќи го секој ден во егзотична авантура полна со радост и спокојство.
Опкружени со бујна природа и прекрасни пејзажи, ќе бидете воодушевени од сонувачката атмосфера и ќе почувствувате дека времето го губи своето значење. Секое изгрејсонце и зајдисонце ја носи магијата на нов ден поминат во атмосфера на вечен одмор. Тука, секој момент е приказна сам по себе, а секоја насмевка станува дел од незаборавно сеќавање.
Во пладневните часови заминување за Македонија.
5 ден 09.03.2027 (Вторник ) Кавадарци
Пристигнување во Македонија во раните утрински(ноќни) часови.
BLACK FRIDAY Цена до 30.11.2026: 129€(8.000ден) (со задолжителна доплата за Арад и Орадеа)
Промо ЦЕНА - 149€ / 9.240 денари (со задолжителна доплата за Арад и Орадеа)
Редовна цена - 179 €/ 11.100 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
Превоз на наведената релација со високо туристички автобус,
2 Ноќевања со појадок во Хотел 3* во Темишвар,
Пешачки разглед со локален водич на Темишвар
Профисионален туристички придружник,
Организација и реализација на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
Целодневен излет до Арад и Орадеа 60 € (миниум 30 патници)
Превоз до Amazonia Aquapark и билет за 4 часа престој 40 €
Трансфер од градовите Гевгелија,Битола,Прилеп,Штип -15 € во правец по лице (во договор со агенцијата)
Здраствено патничко осигурување (задолжително) 200 ден.
Туристичка такса 4 € се плача во агенција
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;
За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
Доколку не се оствари реализација за минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање;
Доплата за избор на седиште во двата правци 20 €;
Доплата за дополнително седиште 100 €;
Деца до 11,99 евра добиваат 10% попуст на аранжманот
Не примаме резервации за деца до 4,99 години ,поради динамиката, времетраењето и напорноста на патувачките програми и екскурзии
Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99 г детето плаќа 100%
Доплата за еднокреветна соба - 2500 ден
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата;
Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
Плаќањето на аранжманот се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€;
Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „СУПЕР ТРАВЕЛ“ и на самата агенција.
ВНИМАНИЕ! - Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата. Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот за услуги.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и „СУПЕР ТРАВЕЛ“.