Истанбул
Од Златниот Рог до Босфор
30.12.2026
Состанок на групата на паркингот кај спорската сала Борис Трајковски (кај пералните) во 13.30 часот. Поаѓање за Италија во 14.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.
31.12.2026
Пристигнување во претпладневните часови во Падова, град кој има одлично сочувано градско јадро со бројни цркви и палати кои денес се под заштита на УНЕСКО. Сликовит град со мрежа на густо поврзани улици со аркади кои се спојуваат со градските плоштади како Prato della Valle, Piazza della Erbe, Piazza della Frutta… Во слободно време може да ја посетите Базиликата на Св.Антон Падовски во која се сместени неговите мошти. Во договорено време со водичотна групата сместување во хотел. Вечерта организирано заминување на дочек на Новата 2027 на плоштад во Падова! Среќна Нова 2027!!! Ноќевање.
01.01.2027
Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на Фиренца, срцето на Италија и бисерот на ренесансата. Рано наутро поаѓаме кон Фиренца, со една попатна пауза на Аутогрил. Пристигнуваме во Фиренца каде се сретнуваме со локалниот водич и го започнуваме разгледот на Фиренца: - - Плоштадот Сињори, - Палацо и Понте Векио, - Дуомото Санта Марија дел Фјоре - Крстилницата Сан Џовани... По разгледот оставаме слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, во еден од најубавите ренесансни градови на Италија. Во договорено време собирање на групата и враќање во хотел. Ноќевање.
02.01.2027
Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон разглед на градот Венеција. Во договорено време со пратителот се упатуваме кон Венеција. Пристигнување на портот на Венеција и заминување на пешачки разглед. Ќе имате можност одблизу да ги видите: - Мостот на Воздишките - Дуждевата Палата (Влез со доплата) - Црквата Св. Марко (Влез со доплата) - Плоштадот - Мостот Риалто - Каналот Гранде Кога ќе пристигнеме до каналот Гранде кај мостот Риалто, разгледот завршува. По разгледот оставаме слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, ручек, релаксација и уживање во прекрасната Венеција во новогодишнa атмосфера. Препорачуваме топла облека, бидејќи се патува во зимски период и времето на враќање е вечерно. Во договорено време собир на групата и заминување од Венеција. Поаѓање за Македонија, дневно и ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
03.01.2027
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови, во зависност од задржувањата на граница.